Се разведе Илма Карахмет (25), талентираното девојче од X-фактор, кое се омажи на 18 години: „Психологот ми помогна“

Нејзината исповед за бракот и разводот:

„Кога се омажив, не размислував на начин „Еј, имам 18 години, ќе се мажам“, туку повеќе ми беше важно тоа што бев вљубена, среќна, се гледав со таа личност и немав што повеќе да чекам.

Денес, светот е модерен и сето тоа го почитувам, но не сакав само да живееме заедно. Сакав да се омажам и се омажив - тоа е мојот живот, таков каков што е, и го живеам со музиката.

se-razvede-ilma-karahmet-25-talentiranoto-devojche-od-x-faktor-koe-se-omazhi-na-18-godini-psihologot-mi-pomogna-09.jpg

Ако немаш за што да се срамиш, нема причина ни да го криеш.

Важно ми е да зборувам јавно за тоа дека побарав и стручна помош поради младите жени, да го споделам моето искуство, да кажам како јас го поминав сето тоа и преживеав (се мисли на разводот).

Иако никому не му е исто, сите живееме различни животи, имаме различни судбини, па така и јас.

Мене психологот ми помогна. Кога им кажав на родителите дека одам кај психолог, мислеа дека сум болна.

Тоа не беше некое „лекување“, едноставно сметам дека треба да разговараме со луѓе кои ја разбираат материјата, кои чувствуваат поинаку, кои знаат поинаку.

Не мораат ни совет да дадат, доволно е само некој да нè сослуша и да нè разбере, за да сфатиме дали можеби ние сме причинители на некои работи или тоа доаѓа однадвор.

Времето се менува, но важно е да останеме достојни на самите себе и да не се изгубиме.

Јас во некои моменти сфатив дека не сум таа што бев и дека се губам - тогаш преку музиката се вратив.

Затоа луѓето треба да го прават тоа што го сакаат, особено младите жени денес“.

Нејзиното гостување:

Прочитајте и Малата Илма Карахмет порасна во убавица и пееше за светски познати модни дизајнери во Милано (видео)

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
„Ме разведе жена, а не сегашниот дечко“ – Марија Микиќ повторно проговори за новата љубов Откако се проширија гласини дека новиот дечко на Марија е адвокатот што ја разве...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Емина Јаховиќ по 7 години откри зошто се развела од Мустафа Сандал: „Имав 35 години, а страста исчез... „Никогаш не сум се покајала што се разведов и благодарам на Бога што така се слу...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...

Најчитани неделава