Малата Илма Карахмет порасна во убавица и пееше за светски познати модни дизајнери во Милано (видео)

„На мојата среќа ѝ нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надеваш. Најголемо задоволство за еден пејач е кога во кариерата ќе му се пружи можност да пее пред светски познати луѓе“, напиша гордата Илма Карахмет од Босна и Херцеговина за чиј моќен вокал слушна и светот.

malata-ilma-karahmet-porasna-vo-ubavica-i-stigna-da-pee-za-svetski-poznati-modni-dizajneri-vo-milano-01.jpg

Таа беше еден од најмоќните вокали во шоуто X-Фактор на само 13 години, а сега Илма Карахмет од Босна и Херцеговина порасна во вистинска убавица и деновиве пееше за познатите канадски модни дизајнери, близнаците Дин и Ден од модниот бренд Dsquared2.

Илма пееше за нив во Милано, Италија, а браќата изгледаа воодушевено од нејзината изведба. Била ангажирана да пее за прием во нивниот дом во Милано.

„Имам навистина голема чест да бидам гостинка на прием на светски познатите модни дизајнери Дин и Ден во Милано каде ми ја отворија вратата од нивниот дом. Таа чест ја имам затоа што го сакаат мојот глас и сакаат кога пеам само за нив.

Пресреќна сум поради сè, на мојата среќа ѝ нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, но сепак се случуваат кога најмалку се надеваш.

Најголемо задоволство за еден пејач е кога во кариерата ќе му се пружи можност да пее пред светски познати луѓе како што се Дин и Ден. Јас сум пресреќна поради ова, а вам како ви се допадна?“, напиша таа.

Илма беше дел од натпреварувањето X-Фактор во 2013-та година, кога победи нашиот Даниел Кајмакоски.

Потоа таа ја продолжи својата пејачка кариера, а во 2018-та година на свои 18 години стапи во брак со Седин Лакач, со кого е уште во брак и за кој вели дека ѝ е најголема поддршка.

Фотографии и видеа од дружбата со познатите дизајнери:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава