Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прошетки на плажа, бокс тренинзи: Катарина Ивановска во совршена форма 6 месеци по породувањето

Катарина не мирува, ниту кога е физичката активност во прашање, ниту кога е актуализирањето на проблемите што ги мачат Македонците.

proshteki-na-plaza-boks-treninzi-katarina-ivanovska-vo-sovrshena-forma-6-meseci-po-poroduvanjeto-01.jpg

Катарина Ивановска и нејзиниот партнер Цобе во месец мај се реализираа во улогата на родители. 29-годишниот супермодел на свет го донесе синот Вања.

Младите родители одлично се справуваат со новите обврски, а малиот Вања веќе уживаше на Охридското Езеро, планината Копаоник, островот Миконос, а последната во низа семејни прошетки им беше островот Крит.

proshteki-na-plaza-boks-treninzi-katarina-ivanovska-vo-sovrshena-forma-6-meseci-po-poroduvanjeto-03.jpg

Катарина се релаксираше во бикини на плажа под ноемвриските зраци сонце. Нејзиното тело е комплетно вратено во форма, а заслужно за тоа, покрај добрите гени, се напорните тренинзи во фитнес центарот.

Страст периодов ѝ се бокс тренинзите, каде го дава и последниот атом енергија од себе, па не е воопшто чудно што изгледа беспрекорно.

proshteki-na-plaza-boks-treninzi-katarina-ivanovska-vo-sovrshena-forma-6-meseci-po-poroduvanjeto-02.jpg

Инаку Катарина не мирува и постојано е дел од кампањи за поткренување на јавната свест на различни теми кои го мачат нашето општество.

Неодамна ја видовме во кампањата на УНИЦЕФ, која го носи слоганот „Биди фер. За детство без пречки“. Исто така, дава своја поддршка на кампањата  „Имам право на чист воздух“ и ја промовира петицијата за забрана на паркирање на тротоарите.

Младата мајка очигледно е цврсто одлучена да ја направи Македонија подобро место за живот, како за своето дете, така и за сите други деца.

Еве дел од нејзините Инстаграм фотки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Ќерките на Бред Пит, трансродовата ќерка на Илон Маск – Деца кои се откажаа од презимето на славните... Три од шесте деца на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажаа од презимето на татко и...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg