Која е мистериозната пријателка која ги запознала принцот Хари и Меган Маркл?
- Детали
- среда, 29 ноември 2017
Принцот Хари и неговата тазе вереница Меган Маркл во првото заедничко интервју одбија да го откријат идентитетот на пријателката која ги запознала, но жолтиот печат добро си ја заврши работата.
Миша Нону е најдобрата пријателка на Меган, која воедно е и бивша сопруга на пријател на принцот Хари.
Миша по професија е дизајнер, а со Меган заедно се фотографирани на повеќе модни настани.
Родена е во Бахреин, порасната е во Лондон, а едуцирана во Париз. Моментално живее во Њујорк.
Во 2013-та година била на листата „30 највлијателни личности под 30 години“ направена од Forbes.
Миша присуствувала и на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, a добра пријателка е и со принцезата Беатрис.
Интересно е што Меган Маркл носеше нејзин дизајн за првото јавно појавување со принцот Хари – белата кошула која ја искомбинира со џинс и балетанки.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





