Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто кралицата Елизабета нема да присуствува на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл?

Деновиве, сите се опседнати со веста за свршувачката на принцот Хари и Меган Маркл и сите новости поврзани со нив.

dali-kralicata-elizabeta-kje-prisustvuva-na-svadbata-na-princot-hari-i-megan-markl-01.jpg

Се чини како сите со нетрпение да чекаат да дојде пролет за да видат како ќе изгледа свадбата на новиот кралски пар кој е главна атракција моментално.

А, оние пак, кои ќе присуствуваат на неа, се сигурно уште повозбудени, за разлика од оние кои ќе ја следат од дома.

Но, зачудувачки, во групата на луѓе кои свадбата на Хари и Меган ќе ја гледаат од дома е и кралицата Елизабета.

Оваа информација не е официјално потврдена, но причината заради која бабата на Хари не би присуствувала на свадбата е тоа што Меган претходно била мажена и разведена.

Кралицата му даде благослов на парот, изјавувајќи дека е воодушевена од добрите вести, но нејзината позиција ја спречува да присуствува на церемонијата.

dali-kralicata-elizabeta-kje-prisustvuva-na-svadbata-na-princot-hari-i-megan-markl-02.jpg

Како британски монарх, таа е главна на Црквата на Англија, која проповеда дека бракот е вечен.

Разводот не е прифатен од црквата и иако ова изгледа како старомодна традиција која треба да се надмине, сепак на кралицата ова нема да ѝ биде првпат да не присуствува на семејна свадба од истата причина.

Уште во 2005-та година, кралицата Елизабета ја пропушти свадбата на нејзиниот син, принцот Чарлс со Камила. Двајцата претходно биле венчани со други и кралицата присуствувала само на приемот по церемонијата.

dali-kralicata-elizabeta-kje-prisustvuva-na-svadbata-na-princot-hari-i-megan-markl-03.jpg

Според тоа, штом таа не направила исклучок за нејзиниот син, се очекува дека нема да го направи ниту за свадбата на нејзиниот внук, но останува да видиме која ќе биде одлуката на кралицата Елизабета.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg