Малечките Џорџ и Шарлот ќе ја следат Меган Маркл до олтарот, но зошто Кејт Мидлтон нема да биде деверица?
- Детали
- понеделник, 04 декември 2017
Принцот Џорџ и неговата помала сестричка, принцезата Шарлот, беа во центарот на вниманието и изгледаа преслатко заедно со другите дечиња на свадбата на Пипа Мидлтон во мај, 2017.
Принцезата Шарлот на свадбата на нејзината тетка имаше улога на мала деверица, а принцот Џорџ пак, се погрижил за велот на Пипа и бурмите.
А, сега, според The Sunday Times, е потврдено дека принцезата Шарлот ќе биде мала деверица на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, а принцот Џорџ исто така ќе ја придружува невестата.
Братчето и сестричето ќе ги придружуваат нивниот чичко Хари и Меган Маркл до олтарот во капелата Сент Џорџ во Виндзор на пролет.
Но, додека улогата на малечките Џорџ и Шарлот е потврдена, сѐ уште нема официјална информација за изборот на деверица на Меган, иако се шират гласини дека тоа со сигурност нема да биде Кејт Мидлтон, без разлика што многумина го очекуваа тоа.
Според професионалци кои се занимаваат со кралското семејство и нивните правила, не може да очекуваме да ја видиме Кејт како деверица, бидејќи војвотката на Кембриџ едвај ја познава идната сопруга на Хари.
Исто така, таа би станала кралски придружник кога нејзиниот сопруг ќе дојде на тронот и ќе стане крал, па не би било соодветно таа да добие таква функција.
Со оглед на тоа што девериците се најчесто сингл дами, единствената титула која Кејт може да ја добие е „матрон“, што е исто како деверица, но се однесува на омажена жена.
Според професионалци, се претпоставува дека таа не би го прифатила ниту ова, со оглед на тоа што немала никаква улога ниту на свадбата на нејзината сестра Пипа, па не би го направила ова ни за Меган.
Сепак, правилата во кралското семејство се чудни, а некогаш и се прекршуваат, па мистериозните детали ќе ги дознаеме дури во пролет, 2018, кога всушност е закажана свадбата на Меган и Хари.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





