Деца на славните коишто ги копираат родителите во изборот на кариерата

Изборот на животна професија знае да биде многу комплицирана работа, па затоа многумина се решаваат за бирање на слична кариера како нивните родители.

Deca-na-slavnite-koisto-gi-kopiraat-roditelite-01.jpg

На ова не се имуни ниту децата на познатите личности. Кај нив можеби е многу позабележливо ова однесување отколку кај останатите.

Заради очигледни причини, децата на познатите имаат поголеми шанси да станат модели, пејачи и актери, за разлика од децата коишто ги немаат врските на нивните родители.

Пример за ова се следните деца на познати родители:

Каја Гербер и Синди Крафорд

17-годишната Каја е скоро совршена копија на мајка ѝ, што е причина за таа да потпише договор со IMG models и веќе да има неколку модни ревии за познати модни куќи како што се Marc Jacobs, Burberry и Chanel.

Deca-na-slavnite-koisto-gi-kopiraat-roditelite (3).jpg

Мајли Сајрус и Били Реј Сајрус

26-годишната Мајли изгради империја откако настапуваше на Дизни каналот како популарната Хана Монтана, но првиот вкус на шоу-бизнисот го вкусила гледајќи го својот татко кој е кантри пејач на турнеја во деведесеттите години.

Deca-na-slavnite-koisto-gi-kopiraat-roditelite (4).jpg

Гвинет Полтроу и Блајт Данер

Гвинет доаѓа од фамилија со богата заднина во светот на актерството. Нејзината мајка Блајт Данер е позната актерка којашто има добиено многу награди, а нејзиниот покоен татко, Брус Полтроу работеше како телевизиски режисер и продуцент.

Deca-na-slavnite-koisto-gi-kopiraat-roditelite (6).jpg

Џејден Смит и Вил Смит

Покрај тоа што се појави на хитот на Џастин Бибер и го поседува еден од најпознатите Твитер профили во светот, Џејден Смит се занимава и со актерство, рапува, пее и пишува песни. Тој настапуваше во римејкот на „Карате Кид“ од 2010 година, а исто така настапи и заедно со татко му во научно-фантастичниот филм „After Earth“.

Deca-na-slavnite-koisto-gi-kopiraat-roditelite (5).jpg

Уште 4 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
Ирина Шајк си се шета со бившиот, Мајли Сајрус на плажа со ‘неуредна фризура’: Фото-докази дека и ѕв... Ирина Шајк со качулка се крие додека ја шета ќерката со поранешниот сопруг, Мајл...
„Разговарав со татко ми кој е починат, како сфатив дека не е измама?“ - Ким Кардашијан со необична и... „Кој би можел да знае такво нешто? За тоа не сме зборувале во шоуто. Тоа никогаш...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
„Натапираната“ фризура на Мајли Сајрус, голите гради на Доџа Кет – Највпечатливите модни изданија на... Заради лошата ретро фризура, како никој не забележа дека Мајли Сајрус е речиси г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg