„Натапираната“ фризура на Мајли Сајрус, голите гради на Доџа Кет – Највпечатливите модни изданија на Греми 2024

Заради лошата ретро фризура, како никој не забележа дека Мајли Сајрус е речиси гола на црвениот тепих, а фотките на Доџа Кет не може да бидат објавени без цензура. Тејлор Свифт се појави во бела тоалета со чокер со часовник на вратот. Кои беа највпечатливите модни изданија нa Греми 2024?

natapiranata-frizura-na-majli-sajrus-golite-gradi-na-dodja-ket-najvpechatlivite-modni-izdanija-na-grammy-2024-01.jpg

Во Лос Анџелес, во неделата (04.02) се одржа 66-тото по ред доделување на Греми наградите, а на настанот присуствуваа некои од најважните и најпознатите имиња во музичката индустрија.

Тејлор Свифт се појави во бела тоалета со црни ракавици, а целиот изглед го надополни со интересен накит, при што највпечатлив беше чокерот што го носеше на вратот, со часовник, кој цела вечер покажуваше полноќ.

Мајли Сајрус, пак, се појави во фустан изработен од метална мрежа, надополнет со долна облека изработена од истиот материјал. Но, речиси никој и не забележа дека таа е речиси гола на црвениот тепих, затоа што пејачката за настанот избрала ретро фризура од 80-тите, па стана хит на социјалните мрежи.

Според твитерџиите, Мајли изгледаше како да доживеала струен удар пред појавувањето на настанот.

На настанот се појави и Селин Дион, која и покрај борбата со синдромот на вкочанета личност, застана на сцената за да ја најави Тејлор Свифт.

Во продолжение погледнете ги модните изданија на Греми 2024, па проценете сами, кој направил моден погодок, а чие издание било целосно промашување:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блискит... Со искината облека, валкана коса и многу слаб изглед, актерот Тејлор Чејс кој бе...
Користи приватен авион за само 6km, ја тужат за плагијати: Најголемите контроверзии на Тејлор Свифт Тејлор Свифт е критикувана бидејќи често користи приватен авион со што предизвик...
Додека таа се породуваше, саканиот уживаше во аферата со Џулија Робертс - Бурниот живот на Изабела А... „Тој е љубовта на мојот живот. Нашата љубов беше како неизлечива болест.&nb...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...

Најчитани неделава