Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници

Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија првите фотки од него од затворот. Иако на дел од нив изгледа расположено, негов пријател тврди дека воопшто не му било лесно во затворот и добивал закани по живот.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-0.jpg

Од неговото апсење во септември минатата година, никој го нема видено Пи Диди, освен оние кои беа дел од судењето и, секако, вработените и затворениците во затворот каде што се наоѓа.

Но, сега се појавија први фотки од 55-годишниот музичар и продуцент, направени во затворот.

Иако фотографиите се матни, јасно е дека Диди има побелена брада, додека косата ја крие со црвено капче.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-05_2.JPG

Набрзо потоа се појавија и други фотки, на кои се чини дека Диди ужива во времето со другите затвореници.

Музичарот беше фотографиран со група мажи во дворот на затворот со кои разговараше и се смееше.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-03.JPG

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-05.JPG

И овој пат фотографиите се матни, но му се познава белата брада, додека косата повторно му е скриена со капа.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-02.JPG

Минатиот месец, Пи Диди доби затворска казна во траење од четири години, откако беше прогласен за виновен за две обвиненија.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-04.JPG

Исто така, треба да плати парична казна од половина милион долари, како и да се вклучи во програми за проблеми со менталното здравје и зависност од супстанции.

Додека јавноста реагираше бурно за малата казна што ја доби, негов пријател тврди дека на музичарот воопшто не му е лесно во затворот.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-07.JPG

Минатата недела, тој тврдеше дека имало ситуација кога Диди се разбудил со „нож на неговото грло“.

„Не знам дали се одбранил самиот или дошле чуварите. Само знам дека му се случило тоа“.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-.JPG

Наводно напаѓачот немал намера да го повреди Диди, туку само сакал да му се закани.

„Ако сакал да го повреди, Диди сигурно ќе беше повреден. Доволно би му била само една секунда за да го убие со ножот“.

prvi-fotki-od-pi-didi-vo-zatvor-so-pobelena-brada-se-smee-so-drugi-zatvorenici-8.JPG

Други извори откриваат дека Диди нашол и работа – во пералната на затворот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Соработник на Диди за неговата мрачна страна: „Не чувствува емоции, веќе планира турнеја за кога ќе ... И покрај потресните сведоштва, Пи Диди доби само четири години зад решетки. Сега...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...

Најчитани неделава