Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во ресторан истата вечер
- Детали
- четврток, 21 мај 2026
По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се појави сам на моден настан со кул имиџ и девојка покрај него – додека истата вечер, мајка му правела скандали во ресторан и ги плашела гостите со нож во рака...

Помалиот син на Бритни Спирс, Џејден Џејмс Федерлајн, пред неколку дена за првпат по долг период се појави на јавен настан.
Тој присуствуваше на модното шоу на Dior Cruise во Лос Анџелес, а 19-годишниот дечко беше фотографиран веднаш штом пристигнал.

Џејден го покажа лежерниот моден стил, облечен во широки панталони, искомбинирани со бела маица, карирана кошула и зелена јакна.
Подоцна беше фотографиран и со непозната девојка, за која се претпоставува дека му е партнерка.


Инаку, ова е ретко појавување на наследникот на Бритни, со оглед на тоа што изминатите години се држат подалеку од јавност заедно со брат му Шон Престон.
Она што е интересно, е дека токму истиот ден кога тој првпат сам се појави на црвен тепих, и неговата мајка беше тема во медиумите, повторно заради скандал.
Според пишувања на TMZ, Бритни наводно била забележана како повишува тон во ресторан во Лос Анџелес и се однесува несоодветно, па дури и се шетала околу масите со нож во рака.

„Ни беше кажано дека Бритни повишувала глас, викала, па дури и лаела на моменти... сведоци ја опишаа атмосферата како хаотична и по малку тажна.
Во еден момент, Бритни се шетала околу масата држејќи нож, предизвикувајќи страв кај гостите, но се претпоставува дека веројатно заборавила да го остави на маса и немала никакви намери“ – пишуваат од TMZ.

Подоцна, претставник од тимот на Бритни за односи со јавност, ги демантираа изјавите:
„Бритни уживаше во тивка вечера со својот асистент и телохранител. Таа раскажуваше ситуација, како нејзиното куче им лае на соседите.
Во ниту еден момент не стави никого во опасност со нож. Си го сечеше хамбургерот на половина.
Постојаниот напад за секоја нејзина постапка е ист како пред 20 години, кога медиумите сакаа да ја направат лоша личност. Ова е смешно и мора да престане“.

Кратко по инцидентот, Бритни си објави едно од нејзините чудни видеа на Инстаграм:
М. М. | Црнобело
