Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред нивната соба“
- Детали
- среда, 15 октомври 2025
„Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивната соба и ги гледа додека спијат, додека во раката држела нож. „А, буден си?“ - знаела да каже, да се сврти и да си замине без објаснување“, пишува во мемоарите.

Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн, на 21 октомври ќе ги промовира своите мемоари, книга во која е напишана „целата вистина за животот и бракот со Бритни и за нивните синови“.
Еден мал дел од книгата со наслов You Thought You New („Мислевте дека знаете“) веќе е јавно достапен, а во него, Кевин раскажува неверојатни детали за стравот што го имале децата кога биле сами со нивната мајка.

Не е тајна дека Бритни многу ретко ги гледа своите две деца, синовите Шон Престон (19) и Џејден (18), откако судот му го додели старателството врз нив на нејзиниот поранешен сопруг, танчарот Кевин Федерлајн.
А според Кевин, една од причините за ова е што децата се плашеле да останат сами со неа во нејзината куќа.

Во мемоарите, тој пишува:
„Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивната соба и ги гледа додека спијат, додека во раката држела нож.
„А, буден си?“ - знаела да каже, да се сврти и да си замине без објаснување“.

Кевин пишува и дека бил долго време загрижен за пејачката поради нејзиното непредвидливо, налудничаво однесување.
„Вистината е дека, ситуацијата со Бритни делуваше како да оди кон нешто што нема да може да се сврти на подобро. Стана невозможно да се преправаме дека сè е во ред.
А од моја гледна точка, часовникот отчукува и веќе се приближуваме до 11-тиот час.
Нешто лошо ќе се случи ако работите не се сменат, а најмногу се плашам дека нашите синови ќе останат да го собираат парчињата“.

Во мемоарите тој се сеќава и на ноќта во 2008-ма, кога Бритни била примена во психијатриското одделение на медицинскиот центар во Лос Анџелес и задржана на набљудување, откако одбила да му даде старателство на Федерлајн врз децата.
Ова, според него била „една од најлошите ноќи во неговиот живот“.
„Ми се лошеше кога ќе помислев низ што поминува. Ова беше некој што го сакав. Некој со кого имав изградено живот. Мајката на моите деца“ - стои во книгата.

Брзо потоа, таткото на Бритни станал нејзин законски старател.
Федерлајн во интервју вели дека не ѝ кажал на поранешната сопруга дека пишува мемоари, но дека со ова не сака да ѝ наштети, туку да им помогне на нивните синови.

Фановите на пејачката, пак, не се премногу среќни и коментираат дека тој најверојатно пак останал без пари, па преку оцрнување на Бритни пробува да заработи.
Инаку, Кевин во моментов живее на Хаваи со децата и сопругата Викторија.

А. Ј. | Црнобело
