Бритни покажа дека живее во хаос и прозборе за Сем Ашгари првпат по разводот: „Тажно е за гледање, ѝ треба помош“
- Детали
- понеделник, 25 август 2025
По реакциите и загриженоста на фановите, Бритни го избриша видеото во кое се гледа нередот во нејзината куќа, па објави ново слично видео во кое вели дека средувала по дома. Сега таа и првпат се огласи за Сем Ашгари откако се разделија, изјавувајќи дека бракот бил само обид да си го одвлече вниманието од синовите.

Првпат по разводот од 2023-та, Бритни Спирс реши да се огласи за бившиот сопруг Сем Ашгари.
43-годишната пејачка сподели објава на Инстаграм, во која вели дека бракот со Сем бил само обид да си го одвлече вниманието од проблемите со синовите.
„Ние сме само луѓе, толку кршливи и најтешките години од мојот живот беа тие три години кога ги немав синовите…
Ми беше забрането да им се јавувам или да им пишувам и во шок се сеќавам дека преживеав бидејќи одбивав да прифатам што се случува.
Со Сем бевме во брак, но тоа ми изгледаше како лага со која си го одвлекував на вниманието за да се справам со ситуацијата…
Но, сега знам дека закрепнувам бидејќи повторно сум гладна како дете или бебе… Толку сум гладна што ме боли и кога јадам, се чувствувам како да сум јадела првпат во животот.
Верувам дека иако го сакам мојот дом, тука има премногу траума и малтретирање…“ – пишува Бритни, меѓу другото.
Минатата недела, пак, Бритни предизвика загриженост кај нејзините следбеници откако го покажа хаосот во нејзиниот дом.
Во видеото, Бритни носи шорцови и кроп топ маичка во комбинација со црни чизми, а со несредената коса и размачканата шминка делува доста неуредно.
Во позадина, пак, се гледа дел од нејзината дневна соба каде владее хаос – на подот и креветите има расфрлани предмети, а се гледа и нејзиното куче кое душка нешто на подот.
По реакциите загриженоста од страна на фановите, Бритни го избриша видеото, но сподели друго, во кое повторно се гледа хаосот.
Но, овој пат пејачката во опис вели дека ја средувала куќата.
Бритни скоро секогаш ја исклучува опцијата за коментирање на нејзините објави, но фановите ја искажуваат својата загриженост на Твитер и останатите социјални мрежи.
„Дефинитивно ѝ треба помош“.
„Во многу лоша состојба е. Бритни повеќе не е Бритни… Се надевам дека некој ќе се грижи за неа“.
„Тажно е што им се случува на сите големи пејачи – Мајкл Џексон, Елвис, Витни… Секогаш има луѓе кои ги користат додека повеќе не можат да издржат и завршуваат тажно. На ваквите артисти им треба личност која не е само заинтересирана за нивните пари, туку која навистина ги сака“.
„Тажно е за гледање“.
Инаку, неодамна бившиот сопруга Бритни, Кевин Федерлајн, соопшти дека ќе издава мемоари во кои ќе ја раскажел својата верзија на настаните, вклучувајќи ја и целата ситуација со Бритни.
Пејачката се нема огласено за ова, но затоа, пак, Сем Ашгари прокоментира, па и го навреди Кевин.
„Па, тој беше професионален татко, па ова ќе биде првата книга кога ќе ви каже како да станете професионален татко“.
Сем веројатно алудира на фактот дека целиот живот, Кевин добива алиментација од Бритни, па практично живееше од нејзините пари.
Цели 17 години, до ноември 2024-та, Бритни му плаќаше и по 20.000 долари месечно како алиментација за нивните синови кои живеат со Кевин.
Спирова С. | Црнобело
