Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La Casa de Papel“?
- Детали
- сабота, 18 април 2026
Бунтовничката позната како Токио од „La Casa de Papel“, неодамна го роди првиот син Данте и ја покажа реалната страна на мајчинството - го дои бебето во автомобил, се молзи, постпородилен ролеркостер од емоции и солзи, а фановите ѝ се благодарни за фотките.

Урсула Корберо е шпанска актерка која се прослави со улогата на енергичната и мистична Токио, во хит-серијата La Casa de Papel (Money Heist).
Таа кариерата ја започнала на свои 13 години, има добиено награда „Најдобра актерка“, а и во приватниот живот е вистинска бунтовничка и ентузијастична феминистка.
Неодамна, Урсула го доби своето прво дете, синот Данте, заедно со Чино Дарин, актерот со кого е заедно уште од 2016 година.
Веднаш по породувањето актерката објави фотка на која синот лежи на голите гради на неговиот татко, а потоа сподели и момент од првата прошетка.

Но, Урсула сака да ја прикаже вистинската страна на мајчинството на социјалните мрежи, па објави низа фотки од најубавите и највпечатливите моменти од првите денови со синчето.
Таа покажа како го дои своето новородено бебе додека патува во автомобил, но и како изгледа додека се молзи од двете гради.
„Сите постпартум мајки се пронајдоа / Толку реално / Ти прилега мајчинството“ – пишуваат фановите.

На фотките може да се забележи и нејзината мајка како го држи внучето додека спие во кревет, но и како тазе мајката ја понесуваат емоции постпородилно и плаче.
„Ја обожавам фотката со мајка ти покрај креветчето / Прегратки за цела фамилија“ – ѝ напишаа актерите познати по улогите на Соња Реј во „Млади бунтовници“ и колегата Берлин од „La Casa de Papel“.


Уште неколку фотки кои ги објави Урсула:








M. M. | Црнобело