Бритни Спирс се дружи со оттуѓените и пораснати синови по апсењето – им влегувала со нож во соба, се плашеле од неа
- Детали
- вторник, 31 март 2026
„Зошто има потреба да ги спушта гаќите кога е со синовите?“ - пишуваат фановите на видеата кои ги објави Бритни со своите наследници на јахта, откако неодамна беше уапсена и имаше скандали со пијанство и голотија. Нејзиниот бивши сопруг откри дека наводно кога биле деца, им стоела на врата во соба со нож во рака и се плашеле да останат со неа.

Бритни Спирс на Инстаграм профилот кој сега ѝ е приватен, објави видеа од дружба на јахта со синовите Шон Престон и Џејден Џејмс.
Ова е прва нејзина објава откако неодамна беше уапсена, по бркотница со полицијата, заради возење под дејство на алкохол.
Изминатиов период фановите се загрижени за неа, бидејќи на социјалните мрежи постојано објавува чудни видеа во кои се снима разголена, па дури и целосно гола.
Сега таа, по сите скандали и бизарни однесувања, се обединила со оттуѓените синови, па покажа како се забавуваат на јахта, но и колку тие се пораснати.
„Ви благодарам дечки за вашата поддршка... времето поминато со семејството и пријателите е благослов. Останете љубезни“ – напиша таа во објавата.
Фановите пак, коментираат: „Зошто постојано има потреба да си ги спушта панталоните и гаќите кога е со синовите?“
Инаку, минатата година, бившиот сопруг на Бритни и татко на децата, Кевин Федерлајн, објави мемоари во кои ја напиша целата вистина за животот и бракот со Бритни.

Старателството над децата го доби тој и Бритни ретко ги гледа синовите, а како причина за тоа, Кевин наведе дека е затоа што се плашеле од неа.

Сепак, сега кога се веќе возрасни, веројатно можат сами да проценат колку и кога ќе поминуваат време со нивната мајка.
M. M. | Црнобело
