Филмска бркотница со автомобили: Бритни Спирс пијана цел час бегала од полиција
- Детали
- петок, 06 март 2026
Бритни Спирс неделава беше уапсена за возење под дејство на алкохол, а според разговор помеѓу полицајците и диспечерите, бркотницата траела цел час, пред пејачката да го запре автомобилот. Откако била приведена, ја задржале во станица околу три часа, а во мај ќе треба да се појави и на суд.

Во среда навечер (04.03) Бритни Спирс бил уапсена поради возење под дејство на алкохол.
Веста почна да се споделува вчера, а сега Daily Mail сподели и повеќе детали, вклучувајќи го и разговорот меѓу полицајците кои биле во потера по пејачката.
Бритни била уапсена на автопат во Калифорнија, а била сама во нејзиниот автомобил.
Според полицајците, била во видно алкохолизирана состојба, а ја уапсиле веднаш откако направиле тест за алкохол.
Околу три часот наутро ја однеле во притвор, а ја пуштиле три часа подоцна.
Полицајците се сомневале дека пејачката била и под дејство на дрога, за што исто така ѝ бил направен тест. Но, засега уште ги немаат добиено резултатите.
Местото каде што била уапсена
Полицајците го конфискувале и автомобилот на Бритни, а Daily Mail сподели и фотографии од местото каде што се наоѓа.
За возењето во алкохолизирана состојба, на 4-ти мај Бритни ќе треба да се појави на суд.
Автомобилот со кој била застаната
44-годишната поп ѕвезда била уапсена во 21:30 часот, но бркотницата со полицијата траела повеќе од еден час.
Некои медиуми допреа и до разговор помеѓу полицајците кои ја бркале пејачката и диспечерите.
„Црн седан, неправилно кочење, нагло свртување и возење без задни светла“, вели еден диспечер.
Автомобилот со кој била застаната
По ова, се слуша полицаец кој вели да се испратат возила во областа каде што е забележан автомобилот.
Откако полицајци го идентификувале возилото, почнале да ја следат пејачката околу 20:13 часот.
Таа не застанувала и бркотницата траела до 21:13 часот, кога се слуша како полицаец вели дека „возачот излезе од автомобилот“.
Местото каде што е нејзиниот конфискуван автомобил
Набрзо потоа се слуша дека едниот полицаец разговара со пејачката, како и полицајци кои разговараат за следниот чекор.
Според некои извори, во автомобилот на Бритни била најдена и непозната супстанца која уште се тестирала.
Бритни пред неколку месеци
Откако веста за апсењето излезе во јавност, извор близок до пејачката даде изјава за Daily Mail:
„Ова беше лош инцидент за кој нема прошка. Бритни ќе ги преземе правилните чекори, ќе го следи законот и надежно ова ќе биде првиот чекор кон промената која ѝ е многу потребна.
Надежно, ќе ги добие поддршката и помошта што ѝ се потребни во овој тежок период. Нејзините синови ќе минуваат време со неа, а саканите ќе направат план кој ќе ѝ помогне“.
Ова е не прв сличен инцидент на Бритни. Пред неколку месеци, таа беше фотографирана како вози најверојатно под дејство на алкохол. Сепак, тогаш не беше приведена.
Таа самата се нема огласено за целата ситуација.
Спирова С. | Црнобело
