Бритни Спирс пред нов нервен слом – вози пијана, не може да си влезе дома (фото)
- Детали
- петок, 24 октомври 2025
Во видео направено пред два дена, Бритни Спирс, под дејство на алкохол, едвај се додржува на нозе. Потоа пејачката е снимена и како пијана управува со автомобил, а кога стигнала дома, ѝ требале над 20 минути да успее да влезе. Наводно, причината за нејзината влошена состојба е новата книга на Кевин Федерлајн.

Бритни Спирс извесен период загрижува со своето однесување, но состојбата на пејачката наводно се влошила откако нејзиниот поранешен сопруг, Кевин Федерлајн, ги издаде своите мемоари.
Во мемоарите, Кевин вели дека ја напишал „целата вистина за животот и бракот со Бритни“, па открива детали кои ја прикажуваат пејачката во мошне лошо светло.
Иако голем дел од јавноста смета дека многу од напишаното е лага и Кевин само пробува (повторно) да заработи нешто на нејзин грб, Бритни не се справувала најдобро со целата ситуација.
На фотографии и видеа направени во средата (22.10) Бритни е во видно алкохолизирана состојба, а на крај седнува и зад волан и си го ризикува животот.
Бритни е снимена во ресторан, во кратки панталони, влечки и шешир и според присутните, испила многу алкохол.
На едно видео се гледа и како им наздравува на гостите во ресторанот, а притоа едвај се додржува на нозе.
Со неа е непозната жена која ја држи за рака, а потоа ја изнесува од ресторанот.
Бритни е снимена и како управува со автомобил, а според очевидците, неколку луѓе пробале да ја спречат.
Дел од вработите во ресторанот, како и нејзината пријателка не сакале да ѝ дозволат да вози, но таа не ги послушала.
Кога пристигнала дома, и требале 20-тина минути за да влезе преку портата.
Според очевидците, Бритни и нејзината пријателка седеле во автомобилот, пред портата, додека пејачката безуспешно пробувала да ја погоди лозинката за влез.
„Ќе напишеше код, па со автомобилот возеше до портата, но портата не се отвораше. Го направи ова три-четирипати. Нејзината пријателка седеше во автомобилот.
По 20 минути, пријателката си замина. На Бритни ѝ требаа уште 10-тина минути да успее да влезе“.
За Daily Mail, извор близок до пејачката вели дека состојбата на Бритни е многу влошена.
„Има причина зошто Бритни беше под легално старателство. Сите го мразат татко ѝ, но тој го правеше она што сметаше дека е најдобро за неа.
И, овој инцидент покажува дека е во право. Нејзиното семејство ја сака и се грижи за неа, без разлика што мисли јавноста“.
И друг извор го кажува истото:
„Без разлика дали луѓето сакаат да си признаат или не, Бритни Спирс се однесува вака неколку години. Кога Кевин Федерлајн рече дека е исплашен (за неа), не беше само за да си ја продаде книгата, туку е вистински загрижен.
Проблемот е што легалното старателство е тргнато, па оние кои се грижат за неа не можат да направат ништо. Бритни минува низ навистина тежок период“.
За потсетување, таткото на Бритни Спирс неколку години имаше легално старателство над неа.
По нервниот слом што го доживеа во 2007 година кога си ја избричи косата, Бритни беше однесена во ментална установа. Набрзо потоа татко ѝ стана нејзин легален старател бидејќи пејачката не била способна да се грижи за себе.
Но, откако почна да се шпекулира дека татко ѝ ја злоупотребува за пари, како и дека ја присилува да настапува за да продолжи да заработува, почна движењето Free Britney кое резултира со нејзино „ослободување“.
Но, оттогаш состојбата на Бритни како да се влошува.
И нејзиниот поранешен сопруг, Кевин, смета дека движењето имало лоши последици за пејачката, без разлика што нејзините фанови ѝ го мислеле најдоброто.
Прочитајте и: Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред нивната соба“
Спирова С. | Црнобело
