Нејзините родители ја посвоиле од чичко ѝ, ја штити од јавноста - Која е сестрата на Софија Вергара?
- Детали
- недела, 22 март 2026
Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала од чичкото на Софија (брат на татко ѝ), па таа пораснала со нив, што ја прави приказната за братучетките Вергара кои станале сестри како сценарио за „шпанска серија“.

Софија Вергара важи за една од најжешките латиноамерикански актерки, со изглед на кој многу жени може да ѝ позавидат.
Таа има и успешна кариера, возрасен син Маноло, пропаднат брак и неколку љубовни врски за кои се зборуваше во јавноста.
Но, малкумина знаат дека Софија има помала сестра, Сандра, со која е многу блиска и која ја обожава, иако за неа не зборува скоро никогаш јавно, а причината за тоа е што сака да ја заштити.

Сандра, исто како Софија е позната личност, но не популарна како нејзината 16-години постара сестра.
Таа е актерка, телевизиска водителка и модел, а глумеше во епизоди на бројни популарни серии.
Во моментов се појавува во реалното шоу на Нетфликс, Selling Sunset, каде што работи како брокер за продажба на скап и луксузен недвижен имот во Лос Анџелес.

Дури по неколку епизоди од појавувањето во шоуто, Сандра откри дека Софија Вергара ѝ е сестра.
Што знаеме за Сандра Вергара?
Сандра Вергара Медина е родена во Баранкила во 1988 година, и всушност е братучетка на Софија од нејзиниот чичко (брат на татко ѝ).

Родителите на Софија, Маргарита и Хулио, ја посвоиле Сандра кога била мала, па таа пораснала со нив, што ја прави приказната за сестрите како сценарио за „шпанска серија“.
„Таа ми е братучетка, но ние пораснавме како сестри. Нејзините мајка и татко зедоа под свое и ме одгледаа од мала возраст.
Софија стана позната кога бев дете и дојде во Америка, а јас дојдов по неа“, изјави во една пригода Сандра за Фокс њуз.

