Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто)

Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да побараат дозвола. Со парите си направиле куќа во Лос Анџелес.

slavni-lichnosti-koi-gi-tuzhea-nivnite-roditeli-i-zoshto-01_1.jpg

Ако сте пораснале во среќно семејство, тогаш сигурно немате ни помислено да ги тужите вашите родители.

За жал, некои луѓе се наоѓаат во ситуација каде ова им изгледа како единствениот спас, а има и доста славни личности кои решиле да ги тужат родителите.

Дел од нив во продолжение:

Коби Брајант

Коби Брајант ги тужеше неговите родители во 2013 година бидејќи продавале негови предмети без да побараат дозвола од него.

Мајка му и татко му ги продале неговите училишни униформи од средно, како и два прстена кој ги добил како трофеи по победа на натпревари.

Од она што го продале, заработиле речиси половина милион долари – пари што ги искористиле за да си направат куќа во Лос Анџелес.

Кошаркарот и родителите направија спогодба, а мајка му и татко му на крај и јавно се извинија.

Неколку години подоцна, во интервју, Коби зборуваше за влошениот однос со родителите.

„Нашата врска е ужасна. Им реков дека ќе им купам убава куќа и тоа не им беше доволно. Потоа почнаа да ги продаваат и моите работи!“

Во 2020-та, откако кошаркарот трагично го изгуби животот, извори блиски до него споделија дека непосредно пред смртта пробувал да го подобри односот со родителите.

slavni-lichnosti-koi-gi-tuzhea-nivnite-roditeli-i-zoshto-02.jpg

Лејтон Мистер

Ѕвездата од Gossip Girl има брат кој страда од сериозни проблеми со менталното здравје. Па, секој месец ѝ испраќала на мајка ѝ 7.500 долари за да помогне во неговата грижа.

Но, мајка ѝ ги трошела парите за пластични операции, ботокс и слични третмани за убавина, па Лејтон ја тужеше.

Мајка ѝ врати со контратужба во која ја обвини Лејтон за физичко насилство. Притоа, бараше уште повеќе пари од актерката со тврдење дека се потребни за брат ѝ.

Нејзината мајка тврдеше и дека тие имале договор да ѝ дава 10.000 долари месечно само за неа. Но, бидејќи Лејтон не ги исплаќала, немало пари ни за брат ѝ.

На крај, контратужбата на мајка ѝ беше одбиена бидејќи немало никаков договор дека актерката треба да ѝ дава пари.

slavni-lichnosti-koi-gi-tuzhea-nivnite-roditeli-i-zoshto-03.JPG

Ријана

Благодарение на својот бренд Fenty, Ријана стана милијардерка.

Нејзиниот татко решил да ја искористи популарноста на брендот, па почнал да го користи името за своја корист.

Тој основал продукциска куќа со името Fenty, па дури и лажел дека е претставник на Ријана за полесно да најде клиенти.

Па, во 2019-та, Ријана го тужеше.

„Иако тој е нејзин татко, никогаш немал овластување да делува во нејзино име“, беше наведено во тужбата.

Наводно, татко ѝ пробал да го искористи името на брендот за да отвори и хотел, но бил одбиен.

Сепак, во 2021-ва, Ријана ја повлече тужбата и веројатно направиле спогодба со татко ѝ.

slavni-lichnosti-koi-gi-tuzhea-nivnite-roditeli-i-zoshto-4.JPG

Миша Бартон

Во 2015 година, актерката Миша Бартон ја тужеше нејзината мајка бидејќи станала алчна со парите што ги заработувала.

Според тужбата на Миша, кога имала осум години, со мајка ѝ направиле договор таа да ѝ биде менаџер и да добива 10% од заработката на актерката.

Но, мајка ѝ земала многу поголема сума, додека ја форсирала ќерка ѝ да работи за да заработува повеќе.

„Родителите на Миша не беа вработени и беа зависни од неа повеќе од една деценија.

Двајцата уживаат во нивниот дом кој вреди 7,8 милиони долари и е купен со парите на Миша, додека не ѝ дозволуваат да стапне таму“, стоеше во тужбата.

Мајка ѝ тврдеше дека обвиненијата се лажни, а не е познато дали на крај направиле спогодба.

Сепак, Миша до денес не е во добар однос со родителите.

slavni-lichnosti-koi-gi-tuzhea-nivnite-roditeli-i-zoshto-05.JPG

Меколи Калкин

Во 1990-тите, Меколи Калкин беше еден од најпознатите актери во светот и заработуваше милиони.

Кога неговите родители се разведоа, актерот беше малолетен, па тие почнаа судска битка за тоа кој ќе го контролира неговото големо богатство.

Но, актерот реши да ја преземе контролата во свои раце – ги тужеше и двајцата родители, а се избори и за тоа да не бидат негови легални старатели. Па, на крај парите си останаа само за него.

Низ годините, Меколи има зборувано за лошиот однос со татко му и вели дека тој му љубоморел, но и бил физички насилен кон него.

До денес, тие го немаат поправено односот.

slavni-lichnosti-koi-gi-tuzhea-nivnite-roditeli-i-zoshto-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg