Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба била целата со крв

Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил соба во хотел. Пред само неколку недели, тој се вселил во нивниот дом бидејќи родителите се плашеле дека ќе направи нешто лошо.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-01.jpg

Синот на режисерот Роб Рејнер и неговата сопруга Мишел и официјално е обвинет за нивното убиство и моментално се наоѓа во притвор.

Иако истрагата уште е во тек, за јавноста веќе се познати повеќе детали за кобната ноќ.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-7.JPG

Се претпоставува дека Роб и Мишел починале ноќта помеѓу сабота и недела, откако се вратиле од божиќната забава на водителот Конан О’Брајен.

На забавата се појавил и син им Ник кој се однесувал гневно, поради што почнале расправија.

„Веројатно ги убил кратко откако сите си отишле дома. Односно, отишол таму и им ги пресекол грлата среде ноќ. Биле во кревет кога ги убил“, вели извор за Daily Mail.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-0.JPG

Според неофицијални извори, Мишел уште била жива кога пристигнала брзата помош, но починала на пат кон болница. Истовремено, таа им кажала на болничарите дека виновникот е син ѝ.

Иако убиството се случило ноќта, Роб и Мишел биле пронајдени дури следниот ден, во недела попладне.

Кај нив дошла масерка, но никој не ѝ отворил. Масерката ја контактирала помладата ќерка на Роб и Мишел – 27-годишната Роми која живеела преку улица.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-03.JPG

Таа пробала да им се јави, а кога не ѝ одговориле отишла во нивниот дом. И, ги пронашла родителите мртви, по што веднаш повикала брза помош.

Роб и Мишел имаа три деца, а според изворите, периодов Ник живеел со нив.

„Ник живееше во гостинската куќа, која ја имаше уништено повеќепати. Но, отсекогаш се однесувал проблематично.

Се дрогираше и не спиеше со денови, па потоа имаше гневни испади, кршеше предмети, удираше по ѕидови. Беше како темпирана бомба.

Проблемот со зависност му се влошуваше и родителите сакаа да му помогнат“.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-11.JPG

Претходно Ник и самиот има признато дека ја уништил гостинската куќа во домот на родителите поради дрога.

Ноќта кога ги убил родителите, Ник изнајмил соба во хотелот The Perside Santa Monica, каде што пристигнал околу 4 наутро.

Иако изгледал чудно, вработените велат дека не правел проблеми или нешто слично.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-04.JPG

Но, кога следното утро хигиеничарите влегле да ја исчистат неговата соба, забележале дека во туш кабината има крв, исто како и на креветот, а прозорците биле покриени со чаршафи.

Ник беше уапсен во неделата, околу 21 часот, на метростаница во Лос Анџелес.

Моментално се наоѓа во поправна установа во Лос Анџелес и се очекува неговото прво сослушување

Во меѓувреме се појавија и други детали за неговото проблематично минато.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-02.JPG

Тој веќе неколку недели живеел во куќата на родителите, а караницата пред да ги убие наводно била поради неговиот проблем со дрога.

Имено, родителите сакале повторно да оди на рехабилитација, но Ник сметал дека може да се лекува и дома.

novi-detali-za-ubistvoto-na-rezhiserot-i-soprugata-sinot-gi-ubil-so-nozh-dodeka-spiele-hotelskata-soba-bila-celata-so-krv-05.JPG

Според блиските на режисерот, Роб и Мишел станувале сè позагрижени за него и се плашеле дека ќе направи нешто лошо бидејќи веќе бил многу нестабилна личност.

Досега тој бил на рехабилитација дури 18 пати, но без резултат.

Прочитајте и: Драматични фотки од апсењето на синот на убиениот режисер Роб Рајнер и сопругата – го пријавила сестра му, се криел во хотел

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Татко му доби деца со посвоената ќерка, убил 3 луѓе: Скандалите што го растурија семејството на Илон... Илон Маск веќе неколку години не зборува со татко му и иако проблемите меѓу нив ...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg