Драматични фотки од апсењето на синот на убиениот режисер Роб Рајнер и сопругата – го пријавила сестра му, се криел во хотел
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
Полицијата во Лос Анџелес потврди дека режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга се убиени од син им Ник. Неколку часа пред да ги убие со нож, тие имале жестока расправија, наводно поради влошеното ментално здравје на Ник и неговите проблеми со зависност од дрога.

Гласините дека режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга биле убиени од син им Ник се покажаа како точни.
Синоќа, 32-годишниот Ник беше уапсен во метростаница во Лос Анџелес, на 20-тина километри од куќата во која ги уби родителите.
Апсењето е овековечено и на фотографии, на кои се гледа како полицајците го легнуваат убиецот на земја и му ставаат лисици.
Пред да биде уапсен, Ник изнајмил соба во хотелот The Pierside Santa Monica, а вработените забележале дека до креветот имало траги од крв.
Исто така, прозорците ги покрил со чаршафи.
Моментално Ник е во притвор, без опција за ослободување со кауција.
Според она што е познато, сестра му Роми била таа која ја насочила полицијата кон него.
28-годишната Роми ги нашла мртвите тела на нејзините родители и им рекла на полицајците дека член на блиското семејство треба да биде осомничен бидејќи бил опасен.
