Драматични фотки од апсењето на синот на убиениот режисер Роб Рајнер и сопругата – го пријавила сестра му, се криел во хотел
Конфликтот меѓу Ник и родителите започнал на забава организирана од водителот Конан О'Брајан, неколку часа пред да бидат убиени.
Според очевидците, режисерот и син му се расправале мошне гласно.
„Ник ги исплаши сите, се однесуваше лудо, постојано ги прашувале луѓето дали се познати“, вели извор за магазинот People.
Иако Ник претходно бил на рехабилитација и успешно се ослободил од зависноста, изминативе неколку месеци повторно му се вратил на порокот.
Како што споделуваат извори блиски до семејството Рајнер, пред убиството веќе имал и сериозни проблеми со менталното здравје. Сето ова, веројатно било причина за караницата со родителите.
Ник првпат се исчисти од дрога на 22-годишна возрат, а тој период сними и филм со татко му инспириран од неговите премрежја.
Откри дека тогаш бил на рехабилитација над 15 пати, како и дека зависноста е зад него.
Иако успеал да го подобри односот со родителите, особен татко му, режисерот Роб Рајнер имаше изјавено дека жали за начинот на којшто се справил со зависноста на син му.
„Кога Ник ни кажуваше дека нешто не функционира за него, ние не го слушавме. Бевме очајни и ги слушавме луѓето со дипломи на ѕидовите наместо да го послушаме него“.
Сопругата на Роб, Мишел, го делеше истиот став:
„Бевме под огромно влијание на овие луѓе. Ќе ни речеа дека е лажго, дека сака да нè манипулира, и ние им верувавме“.
Инаку, сестрата на Ник, Роми, отишла во домот на родителите во недела (14.12) попладне, бидејќи не ѝ се јавувале на телефон.
И, тогаш ги открила мртвите родители – 78-годишниот режисер и нејзината 70-годишна мајка. Претходно се зборуваше дека имале убодни рани, но некои извори тврдат дека Ник им ги пресекол грлата.
Се јавила во полиција, по што Ник бил лоциран и уапсен.
Пред трагедијата, Роми имаше зборувано за тоа колку е блиска со нејзиниот брат, опишувајќи го како нејзин најдобар пријател.
Роми била особено блиска и со нејзините родители, а на нејзиниот Инстаграм профил доминираат фотографии со татко ѝ.
Иако претходно режисерот и сопругата биле блиски и со син им, откако повторно почнал да користи дрога, го заладиле односот.
Наводно, мајка му Мишел била очајна поради неговата состојба, а на блиските пријатели им кажувале дека пробале буквално сè за да му помогнат.
Прочитајте и: Бил бездомник зависен од дрога, се шпекулира дека тој ги убил родителите: Кој е синот на режисерот Роб Рајнер?
Спирова С. | Црнобело
