Бил бездомник зависен од дрога, се шпекулира дека тој ги убил родителите: Кој е синот на режисерот Роб Рајнер?
- Детали
- понеделник, 15 декември 2025
Повикувајќи се на свои (анонимни) извори, магазинот People сподели дека режисерот Роб Рејнер и неговата сопруга се убиени од нивниот син Ник. Сепак, иако во минатото Ник беше зависник од дрога, па и бездомник, засега нема информации дека бил во лош однос со родителите.

Трагичната смрт на режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел уште претставува мистерија.
Иако е потврдено дека станува збор за убиство, полицијата од Лос Анџелес сподели дека уште нема осомничени и немаат приведено никој, освен дека разговараат со членовите на семејството.
Во меѓувреме, пак, почнаа да се шират гласини дека убиецот е синот на Роб и Мишел – Ник Рајнер.
За шпекулациите пишува и магазинот People:
„Роб Рајнер и неговата сопруга, Мишел Сингер Рајнер, се убиени од нивниот син Ник, според неколку извори кои зборувале со членовите на нивното семејство. Полицијата уште нема потврдено“, стои во објава на веб-сајтот на People.
Иако оваа вест не е потврдена, сега во фокус е нарушениот однос на Роб и син му Ник.
Се споделува и интервју на Ник за магазинот People од 2016 година, каде синот на режисерот зборува за својата зависност од дрога.
Таа година, Ник сними филм инспириран од неговите животни битки, кој е во режија на татко му Роб.
Ник е роден во 1993 година, а првпат отишол на рехабилитација околу неговиот 15-ти роденден.
До снимањето на филмот, не само што неколкупати бил на рехабилитација, туку бил и бездомник, без разлика што татко му е едно од најмоќните имиња во Холивуд.
„Бев бездомник во Мејн. Бев бездомник во Њу Џерси. Бев бездомник во Тексас. Ги минував ноќите на улица. Поминував недели на улица. Воопшто не беше забавно“, вели Ник во интервјуто за People.
Имено, тој се нашол во ваква ситуација бидејќи одбивал да оди на рехабилитација.
„Ако не сакав да ги слушам (родители) и не сакав да одам на програма за лекување, ми рекоа дека ќе треба да бидам бездомник“.
Иако ова било едно од пострашните искуства во неговиот живот, тогаш Ник сподели дека му помогнало да созрее како личност.
