Бил бездомник зависен од дрога, се шпекулира дека тој ги убил родителите: Кој е синот на режисерот Роб Рајнер?
„Кога бев бездомник, можев и да умрам. Имав многу среќа. Ова ме претвори во личноста којашто сум денес…
Сега долг период сум дома и се навикнав да живеам во Лос Анџелес и да бидам со моето семејство. Но, претходно имав многу мрачни години“.
Додека се справувал со зависноста, Ник почнал да го пишува сценариото што подоцна ќе се претвори во филмот што го сними со татко му.
Филмот е насловен Being Charlie и иако раскажува фиктивна приказна, во голема мера е инспирирана од премрежијата на Ник.
Татко му Роб, пак, има изјавено дека тоа е најличниот филм што го снимил, како и дека сметал дека треба да учествува во раскажувањето на оваа приказна бидејќи самиот бил сведок на многу од работите што се случиле.
Додека го промовираше филмот, Ник сподели дека во детството му било тешко да се поврзи со татко му.
Но, работењето на филмот им помогнало да се зближат.
„Кога го гледав како го режира филмот, си помислив дека навистина знае многу. И тоа ми помогна да се чувствувам поблизок со него“.
Дури и Роб сподели дека филмот им помогнал да го подобрат односот.
„Искрено, кога дојде време да го снимаме филмот, веќе не ни беше важно дали ќе го завршиме. Бидејќи, многу се зближивме“.
Изминативе неколку години, пак, не се споделувале информации за односот меѓу Роб и син му Ник.
Бидејќи нема никакви докази дека Ник и Роб повторно го влошиле односот, некои не веруваат во тврдењата дека тој ги убил родителите.
Нема информации ни дека Ник повторно користи дрога или има некои посериозни проблеми кои можеби имале удел во убиството.
Како што спомнавме, надлежните немаат потврдено дека Ник е осомничен, додека магазинот People не ги открива своите извори.
Спирова С. | Црнобело
