Додека таа се породуваше, саканиот уживаше во аферата со Џулија Робертс - Бурниот живот на Изабела Аџани

„Тој е љубовта на мојот живот. Нашата љубов беше како неизлечива болест. Еден поглед кон него и знаете дека ова е маж подготвен да ви предизвика болка. Ние имавме љубов како онаа за која се пишува во класичните романи“, рекла Изабела Аџани, која за многумина е најубавата актерка на сите времиња.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-01.jpg

Изабела Аџани важи за една од најубавите актерки на сите времиња. Обожавана од многумина, кои и денес, иако е во осмата деценија од животот, велат дека е прекрасна, па го занемаруваат фактот дека си го уништи лицето со пластични операции.

Актерката има бурна животна приказна, а една од работите кои ја шокираа јавноста беше таа дека  додека таа се породуваше, нејзиниот партнер и татко на детето, актерот Даниел Деј Луис, ја изневеруваше.

Неверувањето беше уште поголемо кога се дозна дека жената со која Деј Луис има афера е Џилија Робертс.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-02.jpg

Изабела била убава уште како тинејџерка и уште тогаш се насетувало дека е како создадена за јавната сцена.

Но, нејзиниот татко не сакал таа да се експонира и ја принудувал да го крие лицето.

Во една пригода, Аџани кажала дека ѝ биле потребни 15 години редовни посети на психолог за да ја прифати својата убавина.

Сепак, кога престижниот LA Times пред неколку години објави листа на најубавите жени во филмот, Изабела го освои првото место.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-05.jpg

Актерката е родена во бракот на Алжирец и Германка. Самата таа често истакнувала дека љубовта на нејзините родители била „невозможна“, но вистинска, онаква што се случува еднаш во илјада години.

Поради големата љубов што ја чувствувала кон таткото на Изабела, нејзината мајка го напуштила тогашниот сопруг и двете мали деца, и никогаш не се покајала за тоа, до последниот ден од својот живот.

Од друга страна, Изабела никогаш не ја разбирала својата мајка и често ја осудувала нејзината одлука да го напушти семејството за да создаде нови.

Детството го поминала во сиромашно предградие на Париз, во населба полна со банди, но сепак го прифатила духот на градот, а тој првенствено се одразува во нејзиниот стил на облекување по кој парижанките се познати.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-04.jpg

Татко ѝ бил строг и конзервативен, ја терал напорно да учи и постојано да чита. Тој ја научил и да не се гледа ниту во огледало, за да не стане суетна поради нејзината убавина.

Кога имала само 14 години, на улиците на Париз ја забележал познат филмски агент и ѝ понудил прва улога.

Успесите на филмското платно, потоа, се ределе сами.

Но, Изабела има и бурен љубовен живот. Само еднаш била мажена, но вели дека имала осум сериозни и големи љубови, иако само една од нив била вистинска.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-06.jpg

Таа беше шест години во врска со трикратниот оскаровец Даниел Деј Луис, со кого има син, и кој ја оставил без збор додека била бремена.

Тој дури ни не ѝ ни кажал дека нивната врска е завршена. А во времето кога Изабела се породувала, тој уживал во аферата со Џулија Робертс.

„Тој е љубовта на мојот живот. Заврши затоа што беше невозможно, незамисливо силно.

Нашата љубов беше како неизлечива болест. Еден поглед кон него и знаете дека ова е маж подготвен да ви предизвика болка.

Не можеше да ги одвои улогите што ги играше од реалниот живот. Често се однесуваше како да не е дел од оваа планета.

Ние имавме љубов како онаа за која се пишува во класичните романи“, рекла таа неколку години подоцна.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-09.jpg

Таа признала дека колку и да била среќна во љубовта, сепак, на крајот страдала.

„Направив сериозна грешка во мојот живот - жените не би требале да бидат доктори во своите врски.

Ги спасубав своите мажи, а тие потоа ја градеа својата среќа со други. Ме гледаа како психолог.

Мажите не ги сакаат жените што ги гледаат како слабаци во нивните најлоши денови, не можат да ја поднесат силата на жената што ги прави слаби и ранливи“, изјавила Аџани.

dodeka-taa-se-poroduvashe-sakaniot-uzhivashe-vo-aferata-so-djulija-roberts-burniot-zhivot-na-izabela-adjani-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...

Најчитани неделава