Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блиските не му помагаат)?
- Детали
- среда, 24 декември 2025
Со искината облека, валкана коса и многу слаб изглед, актерот Тејлор Чејс кој беше ѕвезда на Nickelodeon денес е непрепознатлив. Не е познато како завршил на улица, но откако почна да се споделува видео со него, стар колега решил да му пријде и да го смести во хотелска соба.

Деновиве вирално се споделува видео од некогашниот актер Тејлор Чејс кој глумеше во популарна ситком серија на Nickelodeon.
Иако во раните 2000-ти уживаше во статус на дете ѕвезда, сега јавноста дозна дека Тејлор е бездомник.
Видеото кое почна да се споделува прво е снимено од жена која го препознала, а потоа почнаа да се појавуваат и други снимки од некогашниот актер.
Со извалкана облека и неуредна коса, состојбата на Тејлор е загрижувачка, па фановите на серијата почнаа да апелираат до неговите поранешни колеги да му помогнат.
Серијата што го прослави Тејлор е емитуваше од 2004 до 2007 година, а дел од колегите кои се огласија споделија дека не го виделе скоро 20 години.
Еден од нив, актерот Девон Веркхајзер, алудира и на тоа дека Тејлор имал проблеми со дрога, како и дека одбива помош од надлежните.
„Тејлор беше чувствително и добро дете. Ми се крши срцето кога го гледам вака. Не сум го видел речиси 20 години, откако завршивме со серијата.
Секој кој се справувал со зависност до дрога и сериозни проблеми со менталното здравје е во мошне тешка ситуација ако одбива помош. Тоа е секојдневна битка и бара многу поддршка, трпение и време“.
Девон исто така ѝ порачаа на јавноста да престанат да го бараат Тејлор и да го снимаат во толку ранлива состојба.
Сепак, смета дека тоа што јавноста дозна за неговата ситуација, можеби ќе му биде од помош.
Во меѓувреме американските медиуми добија изјава од полицијата во Калифорнија каде што се наоѓа Тејлор.
Оттаму велат дека не знаат колку долго е на улица.
„Не знаеме колку долго Тејлор е бездомник. Но, секогаш кога разговараме со него тој соработува. Го контактираме барем еднаш неделно и постојано му нудиме помош, како привремено сместување“.
Сепак, поради некоја причина, Тејлор одбивал помош не само за сместување, туку и за справување со проблемите со менталното здравје и неговата зависност.