Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блиските не му помагаат)?
Сега, пак, друг колега од серијата, актерот Даниел Куртис Ли, успеал да допре до Тејлор и да го убеди да отседнува во хотелска соба.
Тој сподели и емотивно видео од хотелската соба на кое се прегрнуваат со Тејлор.
Даниел вели дека успеал да го убеди Тејлор да остане во собата барем неделава, додека да помине католичкиот Божиќ, за да не биде на улица за време на празникот.
Додека полицијата не стапила во контакт со семејството на Тејлор, Даниел откри дека разговарал со мајка му.
Таа му рекла да не му дава пари бидејќи тоа било „опасно“.
Тој рече дека ќе ја почитува нејзината желба, но ќе се обиде да ја стекне довербата на поранешниот актер за да го убеди да ја прифати помошта.
„Мислам дека можеме да му помогнеме на Тејлор да се врати на нозе. Постојано мислам на него“, вели актерот.
Тејлор имаше само 15 години кога ја доби улогата во популарната серија.
Набрзо стана дел од децата актери што ги дефинираа раните 2000-ти, а меѓу нив беа и големи ѕвезди како Аријана Гранде, Ема Робертс и Аманда Бајнс.
Но, по завршувањето на серијата, Тејлор успеваше да добие само значително помали улоги и не го повторуваше истиот успех.
Па, стабилноста што ја имал со серијата, постепено се намалувала.
Не е познато што точно му се случувало кога се тргна од Холивуд, но според некои извори, неколкупати бил апсен за мали прекршоци, како мала кражба и користење дрога.
Сепак, полицијата истакнува дека моментално не гонет за ништо и дека секогаш соработувал со нив.
Спирова С. | Црнобело