Кои од нашите омилени ТВ ликови се всушност базирани на вистински личности?

Козмо Крејмер, серија: Seinfeld

Можеби ви се чини како да е невозможно овој човек да постои, но тој е базиран на стендап комичарот Кени Крејмер, којшто бил пријател и сосед на кокреаторот на шоуто, Лери Дејвид. Сепак, за потребите на ликот, голем дел од тиковите ги креирал самиот актер којшто го глумел, Мајкл Ричардс.

Koi-od-nasite-omileni-TV-likovi-se-bazirani-na-vistinski-licnosti (2).jpg

Лушс Лајон, серија: Empire

Дени Стронг, ко-креаторот на серијата, тврди дека Лушс Лајон е базиран делумно на Џеј Зи и на сличната историја на неговата кариера. Покрај тоа најверојатно ликот е спој на уште неколку познати музички имиња како 50 Cent, како Шон „Диди“ Комбс.

Koi-od-nasite-omileni-TV-likovi-se-bazirani-na-vistinski-licnosti (4).jpg

Али Џи, серија: Da Ali G Show

Саша Барон Коен има креирано мноштво карактери толку добро што секогаш успева да ги излаже неговите соговорници дека зборуваат со вистинска личност.

Еден од најпопуларните карактери е Али Џи којшто е базиран на карактер од британското радио, диџејот и радио водител Тим Вествуд, којшто зборувал со лажен акцент и се облекувал според уличната мода иако е пораснат во семејство на свештеник.

Koi-od-nasite-omileni-TV-likovi-se-bazirani-na-vistinski-licnosti (1).jpg

Тони Сопрано, серија: The Sopranos

Винсент „Вини Оушн“ Палермо бил вистински мафијашки бос во Њу Џерси, и воедно инспирација за креирањето на карактерот на Сопрано. Слично како и Сопрано, така и Вини исчезнал со помош на програмата за заштита на сведоци.

Koi-od-nasite-omileni-TV-likovi-se-bazirani-na-vistinski-licnosti (7).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Времето како да запрело за нив: Како изгледаат актерите од серијата „Злобница“? Актерите од популарната мексиканска серија „Злобница“ после 14 години повторно с...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Го споредуваа со Џорџ Клуни, 30 години е вљубен во сопругата – Каде е и што прави денес Марко од сер... Бил познат фудбалер, но заради повредата се откажал од спортот и почнал да се за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg