„Сè што гледам е средовечна криза“ - Смелата топлес фотка на Хајди Клум мета на критики


„Сè што гледам е средовечна криза“ - Смелата топлес фотка на Хајди Клум мета на критики

Таа стапи во брак по трет пат и ужива во медениот месец, но фановите бесни коментираат „Сети се дека си мајка на 4 деца“.

se-shto-gledam-e-sredovechna-kriza-smelata-toples-fotka-na-hajdi-klum-meta-na-kritiki-01.jpg

Германскиот супермодел ужива на меден месец во Италија со 29-годишниот сопруг Том Каулиц.

46-годишната Хајди Клум на Инстаграм објави смела топлес фотографија, но наиде на лавина од критики. Таа позираше обвиена со пешкир, но со доза на голотија и провокација.

Описот на фотографијата гласи: „Сè што гледам е вода“, а еден од коментарите на фановите под фотографијата е „Сè што гледам е средовечна криза“.

Други пак ѝ порачаа да размисли дека со своето однесување си ги срами децата. „Ти не си само жена, ти си и мајка на 4 деца... Која е целта на ова? Дали е добро за твоите деца тинејџери?“

se-shto-gledam-e-sredovechna-kriza-smelata-toples-fotka-na-hajdi-klum-meta-na-kritiki-02.jpg

se-shto-gledam-e-sredovechna-kriza-smelata-toples-fotka-na-hajdi-klum-meta-na-kritiki-03.jpg

Но, наместо одговор Хајди објави уште една разголена фотка од себе. Таа позираше во бикини свртена со грб.

View this post on Instagram

Buongiorno ☕️🤪

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) on

Критиките продолжија: „Мора да одиш на фитнес, бабо“, „Доволно е веќе. Супер што се омажи повторно и повторно.“

Хајди не одговори ниту на овие критики, туку продолжи да си ужива на медениот месец во Италија.

На следната страна фотки од медениот месец на Хајди Клум:



Би можело да ве интересира:

Фотка од актерот од „Game of Thrones“ и неговата сопруга како држат шолји за кафе стана вирален хит Шолјата за кафе во рацете на огромниот исландски актер изгледа како оптичка илуз...
Хајди Клум ужива со 16-години помладото момче топлес во Мексико (фото) 44-годишната Хајди Клум не е многу позната по честото разголување во јавност, но...
Хајди Клум ужива на одмор со 19 години помладиот вереник, пред свадбата во Капри (фото) Хајди Клум и 19 години помладото момче Том Каулиц уживаат на одмор во Капри, кад...

Најчитани неделава