Ја носеше до олтарот и уште 14 факти за силното пријателство на Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет
- Детали
- среда, 19 февруари 2020
Пријателството на Лео и Кејт е едно од најтрајните во Холивуд, па не е ни чудо што на сите ни служи како инспирација.
Најпрво, актерите ни ги украдоа срцата во 1997-ма, кога ги глумеа Џек и Роуз во „Titanic“.
23 години подоцна, нивното пријателство е посилно од кога било и докажува дека мажите и жените сепак можат да бидат само пријатели.
Погледнете како и зошто Лео и Кејт се пријатели до денес:
„Titanic“ им помогна да ја зајакнат актерската кариера
Иако беа реномирани актери и претходно, „Titanic“ е филмот што им го промени животот на тогаш 22-годишниот Лео и 21-годишната Кејт.
Како што „Titanic“ се претвори во филмот со најголема заработувачка, актерите си ја зацврстија позицијата во Холивуд.
Заедно присуствуваа на нивната прва важна манифестација
Во јануари 1998-ма, Лео и Кејт заедно отидоа на доделувањето на Златните глобуси.
Иако ова не им беше прво појавување на црвениот тепих, на овие Златни глобуси и двајцата беа номинирани за нивните улоги во „Titanic“.
Ниту еден од нив не освои награда, но ова беше почеток на многу заеднички моменти на црвениот тепих.
Им ги исполнија соништата на фановите со филмот „Revolutionary Road“
Во 2008-ма, Лео и Кејт повторно се обединија на филмското платно, овојпат како брачен пар во „Revolutionary Road“.
Овие улоги беа многу поразлични од оние во „Titanic“, но и самиот Лео изјави дека не сакале „да чекорат на позната територија“.
Кејт му се заблагодари на Лео кога освои Златен глобус
Кејт си заработи и Златен глобус за изведбата во филмот со Лео, а во говорот му се заблагодари токму нему:
„Лео, многу сум среќна што можам да застанам овде и да ти кажам колку те сакам и колку те сакав 13 години. Твојата изведба во овој филм е ништо помалку од спектакуларна. Те сакам со целото мое срце, навистина.“
Кога Лео конечно освои Оскар, Кејт беше покрај него
Леонардо може да се пофали со многу номинации за Оскар, а на секое доделување, Кејт навиваше за него.
Нормално, кога во 2016-та Лео конечно го доби својот Оскар, Кејт не штедеше на пофални зборови, дури и пред победата.
„Имам силно чувство дека ова е можеби годината на Лео. Тој ми е најблискиот пријател во светот и не можам да замислам да не бидам таму за да го поддржувам“, изјави таа пред церемонијата.
Знаат како да се насмеат еден со друг
Лео и Кејт одново и одново ни покажуваат дека навистина знаат како да се насмеат еден со друг.
„Не сакате да го слушнете нашиот последен разговор, бидејќи беше многу смешен и многу се смеев. Си рековме Замисли светот да дознае за глупавите работи што ги кажуваме“, изјави Кејт во 2017-та.
Тие се како семејство
Кејт и Леонардо не само што си ја нудат најголемата поддршка во нивната кариера, тие се потпираат еден над друг и во приватниот живот.
„Благодарна сум за тоа пријателство, и искрено ми е како семејство. Ова е едно од ретките холивудски пријателства и сум многу благословена што го имам“, изјави Кејт во 2017-та.