Хајди Клум и уште 7 славни мајки кои имаат 4 и повеќе деца


Хајди Клум и уште 7 славни мајки кои имаат 4 и повеќе деца

Секоја жена знае колку е тешко да се направи рамнотежа помеѓу кариерата и семејството.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-01.jpg

НО, знаеме и дека славните мајки можат да си дозволат поголема помош, па не е ни чудно што некои од нив се одлучуваат да имаат не едно или две, туку четири и повеќе деца. Сепак, голем дел од нив, наоѓаат време целосно да им се посветат и на децата, покрај кариерата.

Погледнете кои славни мајки спаѓаат во оваа категорија:

Анџелина Џоли е светски позната актерка, активист за човечки права, но и мајка на шест деца. Таа има три биолошки деца со Бред Пит, и три посвоени.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-02.jpg

Тори Спелинг има 5 биолошки деца со сопругот Дин Мекдермот. Истовремено, таа е и маќеа на постариот син на Дин од неговиот претходен брак.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-03.jpg

Наталија Водјанова не е само модел – таа е и филантроп, но и мајка на пет деца. Наталија и поранешниот сопруг Џастин Портман добија три деца пред да се разделат. Потоа Наталија доби уште две деца со сегашниот партнер.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-04.jpg

Сигурно претпоставувате дека на листата ќе се најде и Крис Џенер. Со Брус, сега Кејтлин, таа ги доби Кајли и Кендал, а од бракот со Роберт Кардашијан ги доби Кортни, Ким, Клои и Роб.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-05.jpg

И Мадона е горда мајка, и тоа на шест деца. Најстарата ќерка, Лурдес, ја доби со Карлос Леон, а со поранешниот сопруг Гај Ричи го роди синот Роко. Мадона има и посвоено четири деца.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-06.jpg

Миа Фароу навистина е мајка за восхит. Додека беше во брак со Андре Превин, таа роди три деца, а и посвои уште три. Потоа, со Вуди Ален роди уште едно дете и посвои уште две. По разделбата со режисерот таа посвои уште деца, па сега Миа е мајка на дури 14 деца.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-07.jpg

Викторија Бекам и сопругот Дејвид имаат четири биолошки деца – Бруклин, Ромео, Харпер и Круз.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-08.jpg

И Хајди Клум е модел кој може да се пофали со големо семејство. Како Викторија, и таа е мајка на четири деца.

hajdi-klum-viktorija-bekam-slavni-majki-koi-imaat-4-i-povekje-deca-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати дами кои имаат мали гради и се горди на нив И додека девојки од цел свет, за жал, се оперираат за да имаат бујно деколте как...
Мадона (61) со 25-годишното момче во Париз по падот на настап (фото) 61-годишната пејачка моментално е на турнеја, а на настапот во Париз се расплака...
10 докази дека Анџелина Џоли живее со полн здив по разделбата од Бред Пит Холивудската актерка не прифаќа порази и граба од животот. Таа купи нов дом, се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg