Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Анџелина Џоли и Бред Пит – 10 славни разводи што никој не ги очекуваше

Ејми Полер и Вил Арнет

Ејми и Вил се едни од најдобрите комичари во Холивуд и навистина изгледаат како совршен пар. Но, и нивната приказна заврши со развод – тие се венчаа во 2003, а се разделија во 2016-та година.

Тие имаат двајца синови, поради кои се во добри односи, па дури и заедно го поминаа карантинот во САД.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-07.jpg

Гвинет Палтроу и Крис Мартин

Бракот на Гвинет и Крис Мартин изгледаше бајковито, но веројатно со текот на времето се оддалечиле еден од друг.

Тие се венчаа во 2003-та, а се разделија во 2014-та. За разводот, Гвинет изјави дека тоа била свесна разделба и дека останале во многу добри односи. Всушност, многупати парот се користи како пример за тоа како се одржува пријателство откако ќе згасне љубовта.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-08.jpg

Кели Кларксон и Брендон Блексток

Кели и Брендон се венчаа во 2013-та, а вестите за нивната разделба годинава беа вистински шок за фановите.

Парот беше заедно речиси седум години и заедно имаат две деца – синот Ремингтон и ќерката Ривер.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-09.jpg

Амбер Херд и Џони Деп

Поради возрасната разлика, најпрво никој не очекуваше Амбер и Џони да стапат во брак. Кога, пак, го направија тоа, никој не очекуваше да се разделат. Но нивниот развод е еден од најбурните во последно време и двајцата уште се „влечат“ по судови поради обвиненијата на Амбер дека Џони бил насилен.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-10.jpg

Анџелина Џоли и Бред Пит

На почетокот јавноста ја мразеше Џоли бидејќи ѝ го „украде“ Бред на Џенифер Анистон, но набрзо тие станаа омилениот холивудски пар.

Тие имаа долга врска и неколку деца пред да се венчаат во 2014-та, но после само две години најавија дека ќе се разделуваат. Џоли и Пит до денес водат битка за старателството над нивните деца.

andzhelina-dzholi-i-bred-pit-10-slavni-razvodi-shto-nikoj-ne-gi-ochekuvashe-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс? „Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...
Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg