Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
- Детали
- недела, 04 мај 2025
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс. Момчето со широка насмевка и продорно сини очи, денес има 47 години и е непрепознатлив по бројните операции на лицето. Се сеќавате ли на шармантниот Данкан?
Кога во 2002 година Елтон Џон се појави како гостин во синглот Sorry Seems To Be The Hardest Word, сите слушнаа за британскиот бој-бенд Blue.
Ли Рајан, Сасјмон Веб, Ентони Коста и Данкан Џејмс преку ноќ станаа познати во целиот свет и нови миленици на тинејџерките.
Своите „5-минути слава“ момците ги искористија да снимат неколку албуми, да го прошетаат светот, дури прифатија и да ја претставуваат Велика Британија на Евровизија 2011 година во Германија.
Брзо по ова, бендот се распадна и четворицата пејачи тргнаа секој на своја страна.
Данкан, кој важеше за најомилен од сите, почна соло кариера, се појави во неколку реални шоуа, се проба и како водител, но и како актер.
Пред 20 години стана и татко, а брзо потоа прво кажа дека е бисексуалец, за во 2014 година да признае дека е геј.
Со признанието ги разочара девојките, но изгуби голем број и машки и женски фанови откако пред некоја година почна да става филери, ботокс и да прави операции за подмладување, а со тоа целосно си го уништи ликот.
„Престани да си играш со лицето“, беа дел од коментарите откако Данкан сподели фотографии од една од своите интервенции, по што доби поизразени јаболчици, поширока вилица и образи.
Но, тој е среќен со својот изглед, па неговиот Инстаграм денес е преполн со видеа на кои се гледа како го боцка лицето и оди на разни третмани за разубавување.
Што знаеме за Данкан?
Целосното име му е Данкан Метју Џејмс Инглис.
Роден е на 7 април 1978 година и е единственото дете на Фиона Инглис.
Пораснал со мајка му, баба му и дедо му, бидејќи татко му ја оставил неговата мајка пред Данкан да се роди.
На 15 години почнал да глуми во училишниот театар и се појавил во две претстави.
Негов прв бенд бил Tantrum, во кој освен Данкан, членувале уште две девојки.
Имал 22 години (во 2000-та) кога заедно со Ентони, успеал да ги убеди Ли и Сајмон да формираат бенд.
Го избрале името Blue и за неполна година веќе биле препознатливи во Велика Британија.
Нивниот втор сингл Too Close (издаден во август 2001) се нашол на првото место на британската топ листа.
Светот дозна за четирите момчиња кога го препеаја хитот на Елтон Џон Sorry Seems To Be The Hardest Word, а во песната им гостуваше токму Елтон.
Снимија три албума, но во 2005 година решија да престанат да настапуваат како бенд.
Истата 2005 година, Данкан стана татко, откако неговата тогашна девојка, манекенката Клер Грејнџер, остана бремена и ја роди ќерката Тијана Фин.
Данкан ја обожава ќерката, која денес е 20-годишна балерина, и често споделува нејзини фотографии на Инстаграм Стори.
По раскинувањето со Клер, Данкан го поврзуваа со многу жени, вклучувајќи ја и Гери Халивел од Spice Girls и Тара Палмер Томкинскон, познато ТВ-лице во Британија.
И покрај тоа, во 2009 година Данкан јавно кажа дека е бисексуалец, а дека ова прво ѝ го соопштил на мајката на неговата ќерка.
Бендот повторно се собра во 2011 година, кога настапија на Евровизија во Германија со песната I Can, а завршија на 11-то место со 100 поени.
Во 2014 година, пејачот откри дека е геј и призна дека не го интересираат жени.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





