Данкан од Blue на 48 години живее со мајка му: „Ми го пие пивото со пријателките“
- Детали
- недела, 31 мај 2026
„Отидов до фрижидерот да земам пиво, а мајка ми беше со мене, па ми рече: ‘О, ги испив сите. Имав пријателки на гости и ги испивме сите’,“ кажал Данкан.

Еден од петмината пејачи на британската група Blue, Данкан Џејмс, призна дека на свои 48 години живее со својата мајка Фиона, а таквиот живот има многу предности:- друштво, поддршка и домашна атмосфера.

Но, живеењето со мајка му има и една неочекувана маана - таа редовно му го празни фрижидерот со пиво додека тој е на турнеја со бендот.
„Отидов до фрижидерот да земам пиво, а мајка ми беше со мене, па ми рече: ‘О, ги испив сите. Имав пријателки на гости и ги испивме сите’,“ кажал Данкан.

Тој вели дека мајка му била фер и му пишала додека бил на турнеја дека му го испила пивото.
„Ми пиша дека било многу вкусно. Рече дека не можела да одолее,“ открил Данкан.

Пејачот веќе подолго време живее со мајка си, околу 6 години.
Тој се преселил во нејзината куќа за време на пандемијата, откако го продал станот во Лондон, а таа и онака живеела сама.

