Роналдо во проблеми со полиција заради романтично патување – ги прекрши мерките за да ја изненади Џорџина (фото+видео)

Кристијано и Џорџина решиле да го прослават 27-иот роденден на моделот во Аоста, Италија, но со тоа ги прекршија рестрикциите за патување во државата.

kristijan-ronaldo-si-sozdade-problemi-so-italijanskata-policija-za-rodendenot-na-dzhordzhina-gi-prekrshile-restrikciite-za-patuvanje-01.jpg

Кристијано Роналдо веројатно си создаде проблеми со полицијата, откако ги прекрши рестрикциите поради корона вирусот, со 2-дневното патување со Џорџина.

Фудбалерот и Џорџина Родригез поминале два дена во Аоста, во северозападниот дел на државата, по повод 27-иот роденден на моделот.

Проблемот е тоа што италијанските власти поставија забрана за патување помеѓу регионите во Италија, освен ако не станува збор за посета на сопствени имот, работа, или нешто неопходно. Парот нема имот во Аоста и, наводно, престојувале во хотел со 5 ѕвезди.

Роналдо и Џорџина тргнале од Торино, а скијачкиот центар на којшто ги прекршиле правилата е оддалечен околу два часа возење со автомобил. Тие објавија и Инстаграм Стори, каде што се возат со моторна санка, но веројатно ја воочиле грешката, па видеото беше тргнато. Сепак, објавата допре до милиони, вклучувајќи ја и италијанската полиција.

Истата вечер Кристијано и Џорџина го прославиле роденденот во хотелот Le Massif и моделот објави неколку фотки на Инстаграм Стори од роденденската вечера, кои сега се избришани. Се верува дека се вратиле во Торино следниот ден, а оттаму Џорџина сподели фотки од роденденската забава со Роналдо и децата.

Дел од избришаните видеа допреа до италијанските медиуми и можете да ги погледнете во видеото:

Според италијанските медиуми, следниот ден хотелот бил посетен од страна на полицијата, но бил затворен. Многу хотели во истата област се затворени поради пандемијата, но полицијата не може да го казни Роналдо бидејќи не го начекале таму.

Фановите сметаат дека ако настанат проблеми, Роналдо веројатно ќе каже дека патувал поради работа, бидејќи рестрикциите го дозволуваат тоа.

Подоцна Џорџина објави фотографии од прославата, на кои се гледаат таа и семејството, а фотките се означени во Торино.

Таа сподели и видео на Инстаграм од неа и Роналдо во базен. Според локацијата ставена од неа, и видеото е снимено во Торино.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џорџина на скијање сама со децата, откако Роналдо ја откри причината зошто уште не ја запросил: „Чек... „На другарките постојано им велам дека не е до мене“ – рече Џорџина во виралното...
Џорџина и Роналдо на божиќно патување во Лапонија со децата – го посетија Дедо Мраз, се возеа со сан... Роналдо позира со ирваси во снежна идила, се вози со децата на моторни санки, а ...
Роналдо на рајски одмор во Саудиска Арабија: Вози велосипед, ужива со Џорџина и пријателите На патувањето, освен семејството, друштво на Роналдо му прават и неколку пријате...
Љубовната приказна на Роналдо и Џорџина Родригез: Добија дете по само 1 година врска, не сакаат да с... Се запознале додека Џорџина работела како продавачка во Мадрид, а по седум годин...
Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...
Кристијано Роналдо не може да ѝ одолее на Џорџина – парот на одмор во Сен Тропе, по гласините дека с... Кристијано Роналдо и Џорџина уживаат на одмор без децата, откако фудбалерот ги р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg