Елен Пејџ откако стана Елиот Пејџ: „Конечно сум тоа што сум!“
- Детали
- среда, 17 март 2021
„Никогаш не се препознавав себеси. Долго време не можев дури ниту да гледам фотографии од себе“, вели тој и открива дека му било тешко дури и да облече блуза дизајнирана за жени, но немало како да им го објасни тоа на луѓето околу себе.
Актерката Елен Пејџ (34) кон крајот на 2020 година откри дека е трансродна личност и дека сака сите да ѝ се обраќаат со Елиот.
Сега, тој за првпат јавно излезе како трансродов маж и позираше на насловната страница на магазинот „Time“.
„Очекував многу голема поддршка и љубов, но и омраза и трансфобија и токму тоа и се случи“, вели тој.
Открива дека уште како мало девојче сакал да има куса коса и со децении се борел околу својот идентитет.
„Се чувствував како момче. Сакав да бидам момче и ја прашував мојата мајка дали ќе може да бидам еден ден“, вели Елиот во искреното интервју.
По постигната слава со филмовите како Juno и Inception, Пејџ се борела со депресија, анксиозност и панични напади.
„Никогаш не се препознавав себеси. Долго време не можев дури ниту да гледам фотографии од себе“, вели тој и открива дека му било тешко дури и да облече блуза дизајнирана за жени, но немало како да им го објасни тоа на луѓето околу себе.
Тој прави и операции за промена на полот, вели дека сега е вистинската личност во своја кожа и дека сака да ја продолжи својата актерска кариера.
Во интервјуто Елиот не го коментираше разводот со сопругата Ема Потер кој се случи на почетокот од 2021 година. Инаку, Ема му даваше гласна поддршка на Елиот за промена на полот. „Останавме блиски пријатели“, само кратко изјави тој.
С. С. | Црнобело / фото: Time.com
Би можело да ве интересира:





