15 талентирани ѕвезди со кои никој повеќе не сака да соработува (фото)

Во одреден момент, овие ѕвезди беа на врвот на популарноста. Денес, и покрај милионските суми на нивните сметки речиси никој не ги бара за соработка. Најчесто ги етикетираат како незгодни, безобразни и „тешки“ за работа.

15-talentirani-zvezdi-so-koi-nikoj-ne-saka-da-sorabotuva-01.jpg

Сепак, постојат нешта кои не може да се купат со пари, како нов работен ангажман …но за кого важи ова?

Вал Килмер

Со улогите во Top Gun, The Doors, Batman Forever, Heat и The Saint, Вал Килмер владееше со филмската сцена во 90-тите. Не е никаква тајна дека не се согласувал баш најдобро со Том Круз за време на снимањето на Top Gun.

Но, ситуацијата ескалирала за време на снимањето на филмот The Island of Doctor Moreau во 1996 година, по што режисерот Џон Франкенхајмер одбил да работи со актерот поради неговата избувливост.

За жал, во 2015 година на актерот му беше дијагностициран рак на грлото кој рапидно ги нападнал неговите гласни жици, што значи дека кариерата на Килмер е готова.

View this post on Instagram

A post shared by Val Kilmer (@valkilmerofficial)

Стивен Сигал

Освен што е неверојатен кога станува збор за боречки вештини, Стивен Сигал е познат и по бизарното однесување надвор од сцената.

Многу агресивен, неспособен да се контролира и склон кон измислување на приказни, многу од колегите на актерот се пожалиле дека е и прилично алчен, бидејќи секогаш бара многу поголем хонорар за сметка на останатите.

Денес е многу поверојатно да го видиме во реално ТВ шоу, отколку на филмското платно, а го следат и низа обвинувања за сексуално злоупотребување.

Кристијан Бејл

Згоден и талентиран, Кристијан Бејл е познат и по својата избувливост, незгодниот темперамент и тенденцијата да претерува кога снимањето не оди онака како што замислил.

За време на снимањето на Terminator Salvation во 2009 година тој напишал неверојатно погрдни зборови за режисерот на фотографија Шејн Хурлбат кој случајно поминал пред камерата додека се снимала некоја сцена.

Иако подоцна Бејл му се извинил, неговото однесување ги натерало режисерите да се запрашаат дали би му дале улога во некој нивен проект.

Џејмс Камерун

Режисерот на Аватар е познат како еден од најдобрите режисери во Холивуд. Но тој крие неверојатно тежок карактер за соработка. Познат е по тоа што ги турка актерите до граница на „пукање“ за време на снимањата, како што потврдила и Кејт Винслет за нејзиното искуство во Титаник.

Едвард Нортон

Несомнено, Нортон е еден од најдобрите актери на денешницата, со улоги во филмови како With American History X, Fight Club и Collateral Beauty. Но, тој дефинитивно не е најпопуларната и омилена личност за време на снимањата, како што потврдуваат и неговите колеги.

Мараја Кери

Пејачката е позната по нејзиното ексцентрично и разгалено однесување кое не се поправи и покрај возраста. Кери секогаш доцни за што и да било и има екстравагантен животен стил и барања, како на пример изнајмување на цел кат во скапи хотели или послужување на скапи пијалаци во садови опточени со дијаманти.

Никогаш не излегува без цела свита на помошници, а дури и Ники Минаж изјавила е Мараја Кери е „кошмар“ за соработка за време на шоуто Американски идол.

Чарли Шин

Проблемите со дрогата и алкохолот, како и многубројните љубовни афери практично ја уништија оваа филмска ѕвезда на 90-тите. За момент се обиде да се „извади“ со улогата во популарната ТВ серија Two and a Half Men, но неговото лудо однесување придонесе за отказ од истата.

Тој е зависник од теории на заговор, тврдејќи дека нападот на кулите близначки на 9 септември е исцениран. Во 2015 година призна дека e ХИВ позитивен.

Џенифер Лопез

Етикетирана како дива која ги заморува сите со своите барања и желби, како патувања исклучиво со приватен авион или апартмани кои мора да бидат бојадисани во бела боја, се само дел од желбите на Лопез која важи за проблематична и „тешка“ за соработка.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Ник Канон, бившиот на Мараја Кери, има 12 деца – не може да ги наброи сите, едното почина од рак Ник Канон и Мараја Кери се венчаа по само два месеца врска, а заедно имаат две д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg