Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови детали за трагедијата

Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите фанови се сигурни дека преку чудните Инстаграм објави од изминатиов месец, тој или суптилно барал помош, или самиот си ја предвидел смртта.

metju-peri-objavuval-chudni-raboti-na-instagram-fanovite-mislat-deka-si-ja-predvidel-smrtta-novi-detali-za-tragedijata-01.jpg

Ненадејната смрт на Метју Пери ја шокираше јавноста, најмногу бидејќи изгледаше како актерот конечно да си го подобрил животот.

Пред околу една година, тој издаде мемоари во кои детално зборуваше за битката со зависност од лекови и алкохол и се чинеше дека го оставил мрачниот период од животот зад себе.

metju-peri-objavuval-chudni-raboti-na-instagram-fanovite-mislat-deka-si-ja-predvidel-smrtta-novi-detali-za-tragedijata-02.jpg

54-годишниот актер беше пронајден мртов во неговото џакузи и иако според првичните информации немало знаци дека користел дрога или алкохол, според новите изјави од полицијата во Лос Анџелес, во неговиот дом сепак имало многу лекови, од кои повеќето се издаваат само со рецепт.

Изворите од полицијата тврдат дека во неговиот дом имало силни лекови против болка и анксиозност, поради што била нарачана обдукција за да се утврди дали актерот зел нешто непосредно пред смртта.

Иако на почетокот пријател на актерот изјави дека последен пат кога се слушнале му звучел добро и бил трезен, друг близок пријател сега тврди дека кратко пред да почине, Метју изгледал многу уморно.

metju-peri-objavuval-chudni-raboti-na-instagram-fanovite-mislat-deka-si-ja-predvidel-smrtta-novi-detali-za-tragedijata-03.jpg

Имено, актерот секој викенд одел да игра pickleball – игра која е комбинација од тенис и пинг-понг. Тој ја играл играта во клуб во близина на неговиот дом и иако неретко одел и по двапати дневно, во неделата, пред трагичната смрт, си заминал од клубот многу рано.

Според партнерот кој играл со него, актерот се пожалил дека е многу уморен и останал во клубот едвај еден час.

Можеби најморничав детаљ во целата ситуација се објавите на Метју во неколкуте дена пред смртта. Неколку месеци тој воопшто не објавуваше ништо, но во октомври сподели неколку необични фотки и видеа.

metju-peri-objavuval-chudni-raboti-na-instagram-fanovite-mislat-deka-si-ja-predvidel-smrtta-novi-detali-za-tragedijata-06.jpg

Пред околу една недела, актерот сподели фотка на која седи во џакузито во коешто беше пронајден мртов.

Претходните неколку објави, пак, се чудни фотки и видеа, а на описите во дел од нив, Метју се споредува себеси со Бетмен.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...

Најчитани неделава