Заводникот од „Prison Break“: „На 48 години ми дијагностицираа аутизам, бев шокиран, но не бев изненаден“
- Детали
- среда, 28 јули 2021
Заводникот од хит-серијалот Prison Break, Вентворт Милер, откри дека има аутизам кој му го дијагностицирале во петтата деценија од животот. Тој деновиве објави бел правоаголник на социјалните мрежи и во подолг опис појасни што сè му се случувало во последната година.
Актерот ги освои женските срца со улогата на Мајк Скофилд во популаранта серија „Бегство од затвор“, а сега ги изненади фановите со својата искрена исповед.
Во Инстаграм објава, Вентворт Милер раскажа за неговата дијагноза:
„Како и кај сите други, животот во карантин ми одзема важни работи. Но во тишината/изолацијата, најдов неочекувани подароци.
Оваа есен ќе се означи една година како ја добив неформалната дијагноза за аутизам. Таа дијагноза следеше по само-дијагнозата, а беше проследена и со формална дијагноза.
Тоа беше долг, тежок процес што треба да биде променет. Јас сум средовечен човек, не сум 5-годишно дете. И да јасно ми е дека пристапот до дијагноза не е нешто што сите имаат привилегија да го добијат. Да кажеме само дека бев шокиран, но не и изненаден“ – напиша тој.
За оние што не знаат, Милер освен што е успешен актер, тој дипломирал и на престижниот универзитет Принстон, а вели дека по дијагнозата ќе треба да ги преиспита сопствените 5 децении живот низ поинакво светло.
„Тоа не е нешто што сакам да го променам. Не, сфаќам дека тоа што имам аутизам е дел од мене, од сè што сум постигнал и што сум покажал. И на оние многу (многу) луѓе што свесно или несвесно ми попуштаа и ми даваа простор низ годините, ми помогнаа да се движам низ животот на начин што за мене беше сфатлив иако за нив не беше – сакам да се заблагодарам.
А за оние што направија поинаков избор... па добро... Луѓето самите се разоткриваат. Тоа е уште еден подарок“ – заврши Милер.
Милер, претходно уште во 2013-тата година откри дека е хомосексуалец, а беше отворен и за сопствените проблеми со менталното здравје и обидот за самоубиство како тинејџер, поради тоа што често бил мета на врсничко насилство додека растел, но и не можел да ги поднесе притисоците од она што постојано се очекувало од него: соодветно однесување, држење на раката додека пишува на определен начин, соодветно држење на телото итн.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





