Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Таткото на Ники Минаж ја запалил куќата додека таа и мајка ѝ биле внатре - Драматични факти од животот на славните дами

Чудната љубов на Кејти Холмс

По романсата и бракот со Том Круз и контроверзиите во врска со изборот на неговата религија – скиентологијата, Кејти побара развод. Потоа во тајност се состануваше со Џејми Фокс околу 5 години, а двојката никогаш јавно не ја призна врската поради одредени одредби во договорот за развод кои не ѝ го дозволувале тоа.

Таа сега има ново момче, Емилио Витоло, сопственик на познат ресторан. Сепак, постојат многу проблеми во новата љубов на Кејти: тој беше свршен со дизајнерката Рејчел Емонс пред да ја запознае актерката и ја раскина свршувачката дури откако се појавија фотки од него и Холмс во јавноста.

Pomalku-poznati-dramaticni-fakti-za-slavnite-dami (6).jpg

Контролата врз животот на Бритни Спирс

По нејзиниот јавен ментален слом и бричењето на главата по разводот со Кевин Федерлајн, Бритни можеше да ги гледа своите деца само со надзор, во точно утврдено време за посета. Во една од тие посети со едното од децата, таа се заклучила во собата со него и одбивала да излезе при што полицијата била принудена да интервенира, по што ја пријавија во клиника за душевно болни.

Нејзиниот татко целосно го контролира нејзиниот живот како законски старател. И после 10 години, таа не смее да донесе самостојно ниту една одлука во животот. Во 2020 година таа поднесе пријава во којашто се обиде да го раскине овој токсичен однос со татко ѝ, но властите не одлучија во нејзина полза.

Сепак, среќата ѝ се насмевна на Бритни - неодамна татко ѝ се повлече и повеќе нема да биде нејзин легален старател.

Pomalku-poznati-dramaticni-fakti-za-slavnite-dami (8).jpg

Лошото детство на Шанаја Твејн

Нејзиниот очув бил алкохоличар и насилно настроен човек кој го малтретирал нејзиното семејство додека едвај врзувале крај со крај. Таа се сеќава на ужасни ноќи додека се обидувале да не му дозволат физички да ја повреди нејзината мајка.

Покрај тоа што очувот Џери ја злоупотребувал физички и психички, пејачката призна дека била и сексуално злоупотребена од негова страна. Кога нејзините родители трагично загинале во сообраќајна несреќа, Шанаја имала само 22 години и била принудена сама да се грижи за своите сестри.

Pomalku-poznati-dramaticni-fakti-za-slavnite-dami (11).jpg

Драматичниот развод на Никол Кидман

Обожавателите ја обвинуваат скиентологијата како главната причина за разводот помеѓу Никол Кидман и Том Круз. Но, вистината е дека актерот го прислушкувал нејзиниот телефон без нејзино знаење и наводно го следел секој нејзин чекор.

Тој поднесе барање за развод додека таа беше бремена, а непосредно потоа таа го изгуби бебето поради стресот.

Pomalku-poznati-dramaticni-fakti-za-slavnite-dami (5).jpg

Скандалозната љубов на Селин Дион

Селин Дион ја запознала љубовта на својот живот кога имала само 12 години, додека тој имал 38. Рене Анџелил, нејзиниот менаџер кој подоцна ѝ стана и сопруг, ја ставил неговата куќа под хипотека со цел да го издаде првиот албум на пејачката. Во тој временски период таа имала само 13 години.

Во нејзиниот мемоар, Селин тврди дека тие не ја започнале својата романса додека таа не наполнила 20 години. Тие останаа заедно сè до неговата смрт во 2016 година.

Pomalku-poznati-dramaticni-fakti-za-slavnite-dami (7).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg