Познати личности што важат за најдарежливи и најдобри работодавци

Некои од нив за подарок на вработените им дале куќа, други се „кул“ шефови што се шегуваат на сопствена сметка. Кои се најдобрите работодавци меѓу познатите?

poznati-lichnosti-shto-vazhat-za-najdarezhlivi-i-najdobri-rabotodavci-01.jpg

За да работите за позната личност потребно е да имате голем број вештини, но и да имате „челични нерви“. Некои од нив имаат мошне детални барања: да бидете достапни во кое било време и секако да бидете трпеливи, а други пак, веќе ги тресат скандали заради тоа што не им плаќаат за прекувремени работни часови на вработените. И за ваквите познати личности се пишувало доста, така што се чини дека сите славни треба да се стават во ист кош, но дали е така?

Во продолжение еве пет познати личности што важат за најдобри работодавци. Тие креираат одлична атмосфера за работа и им даваат скапи подароци на вработените … Кои се тие?

Кејт Мос

Кејт Мос е една од најпознатите манекенки на сите времиња. Со оглед на големиот број контроверзии во нејзината биографија, луѓето може да очекуваат дека таа е ужасна кога станува збор за нејзините вработени, но тоа не е така.

Фиона Јанг беше нејзина лична асистентка со години и така станале мошне блиски. Мос за Јанг велеше дека е „главен столб во нејзиниот живот“. Кога Јанг остана бремена и даде отказ за да биде посветена на мајчинството, Кејт Мос во целост ѝ пружи поддршка, па дури организираше луксузна забава за неа.

poznati-lichnosti-shto-vazhat-za-najdarezhlivi-i-najdobri-rabotodavci-02.jpg

Џенифер Хадсон

Обично компаниите на своите вработени им даваат симболични подароци за Божиќ. Џенифер Хадсон ги изненади сите кога на нејзиниот асистент Волтер Вилијамс му подари куќа.

Според некои извори тие се пријатели од деца и нивната врска не е само професионална, но мора да се признае дека е сосема неочекувано некој да добие таков подарок од својот работодавец.

poznati-lichnosti-shto-vazhat-za-najdarezhlivi-i-najdobri-rabotodavci-03.jpg

Опра

Опра не е само дарежлива кон публиката. Во периодот на 80-тите години од минатиот век, таа отпочна штрајк за нејзините продуценти да добијат покачување. Таа им додели бонуси на вработените од сопствениот џеб, затоа што ТВ каналот не сакаше да го направи тоа. Во тоа време Опра изјави дека ако некогаш има сопствен бизнис ќе направи сè што е во нејзина моќ за нејзините вработени да бидат подобро платени.

Освен тоа, за Опра се знае дека во една прилика платила за патување со крузер по Средоземното Море за сите нејзини вработени.

poznati-lichnosti-shto-vazhat-za-najdarezhlivi-i-najdobri-rabotodavci-04.jpg

Анџелина Џоли

Анџелина Џоли е една од најпознатите ѕвезди во Холивуд, а тоа што важи за дарежлив работодавец само дополнително придонесува за нејзиниот шарм.

Нејзината поранешна лична асистентка Холи Голин не може да се пожали. Тие беа бремени во истиот период и честопати беа забележани како се излезени заедно. На нивните заеднички фотографии тие делуваат како најдобри другарки.

Поранешната дадилка на Џоли пак изјавила дека за да работиш за неа треба да имате отворен ум, затоа што живеат како хипици и не штедат пари за патувања.

poznati-lichnosti-shto-vazhat-za-najdarezhlivi-i-najdobri-rabotodavci-05.jpg

Ријана

Ријана неодамна и официјално беше прогласена за милијардерка, а нејзините вработени ја обожаваат. Тие дури и одлучиле да постават балони во нејзината канцеларија за да го прослават „Денот на шефицата“.

Дека таа е „кул“ шеф говори и фактот што вработените се чувствуваат слободно и да се пошегуваат на нејзина сметка. Во една прилика тие поставиле кукла Ријана во нејзината канцеларија затоа што не се појавила. Фотографијата секако се најде на Инстаграм.

poznati-lichnosti-shto-vazhat-za-najdarezhlivi-i-najdobri-rabotodavci-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg