Анџелина Џоли треба да му даде отказ на фризерот – твитерџиите ја исмеваат за лошите екстензии (фото)

„Кој и да ѝ ги правел екстензиите, треба да биде отпуштен“ - коментираат обожавателите на Анџелина Џоли на Твитер.

andjelina-djoli-treba-da-mu-dade-otkaz-na-frizerot-tviterdjiite-ja-ismevaat-za-loshite-ekstenzii-foto-01-.jpg

Анџелина Џоли (46) изгледа совршено во секое издание, но, нејзините обожаватели забележаа дека на Филмскиот фестивал во Рим актерката иако изгледаше совршено, сепак имаше мало промашување, а целата вина ја префрлија на нејзиниот стилист за коса.

Актерката изгледаше беспрекорно во сребрениот фустан на Versace, а особено внимание привлече со тоа што на црвениот тепих се појави со ќерките Захара (16) и Шајло (15).

andjelina-djoli-top-tema-na-tviter-koj-i-da-i-gi-pravel-ekstenziite-treba-da-dobie-otkaz-02.jpg

Сепак, и покрај тоа што првично сите погледи први беа насочени кон Шајло затоа што веќе не се облекува како момче, Анџелина успеа да го украде вниманието поради лошата екстензија на косата.

andjelina-djoli-top-tema-na-tviter-koj-i-da-i-gi-pravel-ekstenziite-treba-da-dobie-otkaz-03.jpg

Твитерџиите веднаш го споделија сопственото мислење за тоа што мислат за екстензиите на Џоли.

„Вистина! Не знам кој ѝ ја правел косата, ама треба веднаш да го отпушти“

„Не можам да престанам да се смеам! Да не купила евтини екстензии за коса со шнола од локална продавница?“

„Многу ја сакам Енџи, но кој и да ѝ ги правел екстензиите за фестивалот во Рим треба да биде отпуштен!“

„Убава е и без разлика на тоа што стилистот за коса не си ја знае работата, па не ги направил како што треба“.

Инаку, Анџелина на Филмскиот фестивал во Рим присуствуваше на премиерата на нејзиниот најнов филм Еternals, што ќе ја има својата светска премиера на 5-ти ноември годинава.

Дефинитивно за тој настан, Енџи не треба да го ангажира истиот стилист.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Реакцијата на Тејлор Свифт кога испиша историја, апсење на познат рапер - Највпечатливите моменти од... Селин Дион имаше ретко појавување во јавност откако објави дека страда од синдро...
Си зборува со себе, се држи за ѕид за да не падне: Загрижувачко однесување на некогашната холивудска... Хедер Локлир, која важеше за една од најубавите холивудски актерки, ја загрижува...
Хит фото-споредби: Како би изгледале познатите ќелави мажи со коса? Можете ли да замислите како би изгледал Двејн Џонсон со коса? Иако можеби некога...
Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg