Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Каде беше целиот мој живот“ - Љубовта на Пријанка Чопра и Ник Џонас ги надминува разликата во години и религијата

Иако и на Пријанка ѝ се допаднал Ник, нивната врска не започна веднаш, туку неколку недели подоицна кога случајно се сретнале во кино. Двајцата биле со пријатели да го гледаат The Beauty and the Beast и се договориле овојпат да се видат. По неколку состаноци се појавија заедно на Мет гала, во време кога никој не можеше да претпостави дека се пар. Брзо потоа Ник ја побара за жена. 

„Повторно клекнав на едно колено и ѝ реков: 'Дали ќе ме направиш најсреќниот човек на светот и ќе се омажиш за мене?' Беа потребни околу 45 секунди. 45 секунди тишина. Се препотив додека чекав да прозбори. Сега ќе ти го ставам прстенот на рака, освен ако немаш приговори“, раскажа Ник потоа во интервју и рече дека дури откако ѝ го ставил прстенот, таа рекла „да“.

Бидејќи Пријанка и Ник не сакаа да пропуштат ништо од нивните култури и религии, тие направија две венчавки, едната со сите индиски традиции, другата во американски стил. Направија дури четири церемонии и свечпености за да ја прослават својата љубов.

„Кога изглегов и го видов како стои пред олтарот, со сонцето зад него, беше како бајка за мене,” призна Чопра подоцна во интервју.

kade-beshe-celiot-moj-zhivot-ljubovnata-prikazna-na-prijanka-chopra-i-nik-djonas-koi-gi-nadminaa-razlikata-vo-godini-i-verata-03.jpg

Три години подоцна ги надминаа и гласините за брачните кавги и разводот. Наместо тоа, на светот ја претставија својата ќерка Малти, која ја добија преку сурогат мајка. Долго време не објавуваа нејзини слики во јавноста, а го криеја и името на бебето. Но, не пропуштаа да кажат дека светот им е сменет.

„Не можевме да поверуваме дека родителството може да биде толку убаво. Не постои поголема радост од оваа“, велат глумицата и пејачот и додаваат дека сакаат да имаат повеќе деца, но за сега се среќни што ќерката им донесе нова љубов во животот.

 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg