Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син Беар

„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Оваа изјава ја даде Лиам Пејн пред само неколку месеци, откако тврдеше дека успеал да се отрезни и да се излекува од зависностите. Врската со мајката на неговиот син со години се сметаше за контроверзна.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-01.jpg

Во сите светски медиуми одекна веста за прераната смрт на членот на групата One Direction, Лиам Пејн (31), а многумина ја пренесуваат и неговата последна фотографија со синот Беар.

„Еден ден сакам да бидам на билборд тато“ – напишал Лиам во описот до фотографијата на 7-годишното момче, а многумина сочувствуваат со детето кое на толку млада возраст го загуби родителот.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-04_copy.jpg

Врската на Лиам, со мајката на Беар, Шерил Кол (41), своевремено се сметаше за скандалозна, заради огромната генерациска разлика меѓу нив, а и заради тоа што кога се запознале пејачот бил малолетен.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-02.jpg

Тој за првпат учествувал на шоуто The X Factor во 2008-ма година на возраст од само 14 години, а судии тогаш биле Сајмон Кауел, Дани Миног, Луис Волш и идната мајка на неговото дете, Шерил Кол.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-05.jpg

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-06.jpg

Лиам немал голем успех при првиот обид во шоуто, но се вратил две години подоцна, во 2010-та година, кога започнала неговата приказна со групата One Direction.

„Ајде да зборуваме за непријатното прашање. Секако мајката на мојот син седи во тоа столче. Ова е епизода од серијата How I Met Your Mother“ – рече подоцна Лиам во коментар за видеото од неговата прва аудиција на шоуто.

Додека Лиам сè уште бил малолетен, Шерил веќе имала зад себе два брака, а со Лиам повторно се сретнале на финалето на The X Factor во 2015-та година, непосредно пред таа да стави крај на вториот брак со Жан Бенар Фернандез Версини.

Лиам и Шерил објавија дека се во врска во 2016-та година кога заедно се појавиja на хуманитарен настан.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-08.jpg

Во февруари 2017-та година веќе почнаа да кружат гласини дека Шерил е бремена, а во март истата година, тие го добија синот Беар. Лиам имаше само 23 години кога стана татко.

Двајцата велеа дека се пресреќни што се родители, но нивната врска не траеше долго.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-11.jpg

Во јули 2018-та година објавија дека се разделуваат и дека тоа била мошне тешка одлука.

Иако долго време не даваа коментари за разводот, во 2022-ра година Лиам рече дека татковството влијаело врз неговата врска со Шерил. Тој им се обрати на идните татковци па рече:

„Не знаете што следува во животот и целосно е поразлично. Да бидам искрен со вас, ми ја уништи врската во тој период, но со причина. Бев толку возбуден за неговото раѓање и бев загрижен дека нема да го сакам доволно.

Шерил е најдобрата мајка на светот. Ние се разделивме со причина и таа ми дава целосна слобода во животот да го правам тоа што го правам и да знам дека таа се грижи за Беар.

Тој е единственото нешто за што таа се грижи во моментов. Живеат на 3 минути од мојата куќа.

Секогаш се лепам таму каде што е тој. Мојот живот е негов. Моите пари се негови. Тој е прекрасно момче – навистина сме благословени“ – рече во една пригода Лиам.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-07.jpg

Шерил рече дека таа и Лиам имаат сосема различни погледи кон родителството и дека татко му е многу попопустлив кон синот Беар.

Во 2023-та година Лиам се повлече од јавниот живот, а потоа објави дека успеал 6 месеци да остане трезен откако 100 дена бил на рехабилитација од алкохол и опојни супстанци.

„Најмногу од сè сакам да му се заблагодарам на синот Беар и на мајка му што ми дадоа слобода да заминам и да се потрудам да бидам подобро, затоа што морав.

Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето и мислам дека сè досега немав што да го научам освен што многу се грижев за него и го сакав премногу, што можеби е најважното нешто“ – рече тој во својата објава на социјалните мрежи.

imal-14-godini-koga-ja-zapoznal-a-taa-25-ljubovnata-vrska-na-liam-pejn-so-majkata-na-negoviot-sin-bear-03.jpg

Инаку, познато е дека Шерил отсекогаш била против користењето дроги затоа што и претходно загубила голем број блиски личности кои се предозирале.

Прочитајте и Последните видеа од Лиам Пејн со обожаватели во Аргентина, пред да почине: „Се гледа дека не му е добро“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg