Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година

Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но овие љубовни приказни на познатите личности се доказ дека, сепак, макар и подоцна во животот, некои од славните парови ја пронаоѓаат љубовта.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-01.jpg

На некои личности судено им е сродната душа да ја пронајдат во позрелите години, после 40-тите. Доказ за тоа се и овие славни холивудски парови, кои докажуваат дека љубовта не познава возраст.

Еве неколку љубовни приказни од Холивуд кои даваат надеж дека никогаш не е доцна за да се најде саканата личност:

Александра Грант и Кијану Ривс

Кијану Ривс првпат ја запознал својата девојка, Александра Грант, во 2011 година, кога работеле заедно за да ја објават книгата „Ode to Happiness“. Неколку години подоцна, во 2019 година, 55-годишниот Ривс ја одвел нивната врска на поромантична страна.

„Добрата вест за заљубувањето како возрасен, е тоа што изградив сопствена кариера до почетокот на мојата врска“ – изјавила Грант во 2023 година за магазинот People.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-02.jpg

Џорџ и Амал Клуни

Кога почнале „љубовните искри“ со неговата сегашна сопруга, Амал Клуни, Џорџ имал 52 години. Парот се венча во 2014 година, а три години подоцна, на 6 јуни 2017 година тие ги добија своите близнаци, Александар и Ела.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-03.jpg

Франсоа-Анри Пино и Салма Хајек

Салма Хајек го запознала својот партнер кога имала 40 години, во 2006 година. Во 2007 година тие објавија дека се вериле и дека го очекуваат своето прво заедничко дете. Две години подоцна, на Денот на вљубените, парот се венча.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-04.jpg

Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс

Мајкл Даглас и Кетрин Зита-Џонс прв пат се запознале во 1998 година, кога 54-годишниот Даглас, во еден бар, со својот шарм се потрудил да ја освои 29-годишната Џонс. Парот кој се венча во 2000 година ги доби децата Дилан во 2000 година и Керис во 2003 година.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-05.jpg

Џејмс Бролин и Барбара Стрејсенд

Џејмс Бролин и Барбара Стрејсенд се доказ дека состаноците на слепо навистина може да успеат. Кога прв пат се сретнале на состанок на слепо, во 1996 година, Стрејсенд имала 54, а Бролин 56 години. Две години подоцна, тие се венчаа.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-06.jpg

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер беа пријатели и соседи долго време пред да почнат да се забавуваат, во 2021 година. Тие се венчаа во 2022 година, а во 2023 година го добија нивниот син, Роки. Кортни ја започна врската со него на 42 години.

slavni-lichnosti-koi-ja-pronashle-srodnata-dusha-posle-40-tite-godini-07.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...

Најчитани неделава