Најскандалозните моменти во историјата на Оскарите: Шлаканицата на Вил Смит, Марлон Брандо ја одби наградата, гол маж претрча на сцената

Секоја година Оскарите носат ново возбудување. Преку црвениот тепих и модата, до изборот на филмовите и актерите кои ги добиваат наградите, возбудата никогаш не престанува. И кога ќе помислите дека сте виделе сè и ништо нема да ве изненади, ќе се случи неочекуван момент... на пример, шлаканицата што Вил Смит му ја „врза“ на Крис Рок и ја засени целата церемонија.

najskandaloznite-momenti-vo-istorijata-na-oskarite-shlakanicata-na-vil-smit-marlon-brando-ja-odbi-nagradata-gol-mazh-pretrcha-na-scenata-01.jpg

Освен шлаканицата за која се зборува и денес, тука е и Марлон Брандо кој одби да го прими Оскарот, моментот кога погрешен филм беше прогласен за победник во 2017 година, изјавата на Анџелина Џоли дека е заљубена во својот брат, гол маж претрча на сцената среде пренос...

Некои од најголемите скандали што се случиле во историјата на Оскарите:

Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок

Еден од најголемите скандали во историјата на Оскарите е шлаканицата што Вил Смит му ја удри на Крис Рок во 2022 година.

Додека ја водеше церемонијата, Рок се пошегува на сметка на алопецијата на Џејда Пинкет Смит, со што ја навреди.

Иако Смит во првиот момент се смееше на коментарот, откако неговата сопруга му искоментира нешто, тој се качи на сцената и го удри Рок по лицето.

Потоа се врати на своето место, а до крајот на вечерта освои и Оскар, што ја направи целата ситуација уште поскандалозна.

najskandaloznite-momenti-vo-istorijata-na-oskarite-shlakanicata-na-vil-smit-marlon-brando-ja-odbi-nagradata-gol-mazh-pretrcha-na-scenata-02.jpg

Анџелина Џоли кажа дека е заљубена во својот брат

Пред да стане мајка и активист, Анџелина Џоли беше дивото дете на Холивуд. Таа во 2000 година го бакна својот брат на црвениот тепих пред церемонијата.

А, кога истата вечер ја освои наградата за споредна женска улога во филмот Girl, Interrupted, во говорот таа кажа: „Многу сум заљубена во својот брат во моментов“.

najskandaloznite-momenti-vo-istorijata-na-oskarite-shlakanicata-na-vil-smit-marlon-brando-ja-odbi-nagradata-gol-mazh-pretrcha-na-scenata-03.jpg

Еди Вилијамс дојде облечена како порно актерка

Актерката Еди Вилијамс на црвениот тепих во 1986 година дојде облечена во креација од бисери, од која ѝ се гледаше голото тело. Коментарите беа дека се облекла како порно актерка.

Но, стилот на Вилијамс не се менуваше со годините, а таа остана запаметена повеќе по облеката, отколку по улогите и талентот за глума.

najskandaloznite-momenti-vo-istorijata-na-oskarite-shlakanicata-na-vil-smit-marlon-brando-ja-odbi-nagradata-gol-mazh-pretrcha-na-scenata-04.jpg

Мајкл Мур го навредуваше претседателот Буш во победничкиот говор

Откако освои Оскар за својот филм Bowling for Columbine во 2003 година, режисерот Мајкл Мур го искористи говорот за да го навреди тогашниот американски претседател Џорџ Буш.

„Живееме во време кога злобен човек нè испраќа во војна заради измислени причини... Засрамете се господине Буш, засрамете се“, рече Мур.

По оваа изјава, публиката го исвирка, а оркестарот почна да свири за музиката да го прекрие неговиот говор.

najskandaloznite-momenti-vo-istorijata-na-oskarite-shlakanicata-na-vil-smit-marlon-brando-ja-odbi-nagradata-gol-mazh-pretrcha-na-scenata-05.jpg

Адриен Броди страстно ја бакна Хали Бери

Во 2003 година, Хали Бери му ја додели наградата за најдобра улога на актерот Адриен Броди, за филмот The Pianist. Кога се качи на сцената, Броди неочекувано страстно ја бакна Бери, а дури потоа ја зеде наградата.

Актерката подоцна откри дека бакнежот не бил планиран, но и дека не му се истргнала од прегратката зашто и неа ѝ било убаво.

najskandaloznite-momenti-vo-istorijata-na-oskarite-shlakanicata-na-vil-smit-marlon-brando-ja-odbi-nagradata-gol-mazh-pretrcha-na-scenata-06.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Гласини дека е скиентолог, удри репортер: Скандалозни детали од животот на Вил Смит Покрај легендарната шлаканица на Оскари 2022, Вил Смит претходно има удрено репо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg