Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како бајка
Како почна нивната љубовна приказна?
Тие се запознале во 1989 година во Кан, кога Зинедин имал 18, а Вероник 17 години.
Зинедин бил тинејџер кој се обидувал да се пробие како млад фудбалер во АК Кан.

Вероник, пак, студирала класичен танц во училиштето „Розела Хајтауер“.
„На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовникот во снегот, и тогаш ја запознав Вероник.
Заедно сме 34 години. Ѝ должам многу. Секогаш можев да сметам на неа“, рекол пред неколку години поранешниот фудбалер.

По петгодишна врска, парот се венчаа на 28 мај 1994 година во Бордо, а пред две години, на 30-годишнината од свадбата, ги обновија заветите во присуство на нивните деца и многу пријатели.
„Таа беше секогаш присутна во сè, дури и кога поминувавме низ тешки времиња.
Никогаш не се откажа од нас. Секогаш беше позитивна, секогаш и децата и мене и нè туркаше напред.
Имаме многу работи за кои што треба да ѝ заблагодариме. Имаме прекрасни години брак. Таа, заедно со мајка ми, е најпосебната и најважната жена во мојот живот“, изјави Зидан.

Од нивната љубов се родија четири деца, синовите Енцо (31), Лука (28), Тео (24) и Елијаз (21).
Сите четири сина се посветија на фудбалот, како нивниот татко.

Секој од нив помина време во младинската академија на Реал Мадрид, каде што нивниот татко беше една од најславните личности во историјата на клубот.
Од 2022-ра, Зинедин и Вероник уживаат во улогите на баба и дедо. Нивниот син Енцо стана татко на девојче, Сиа, додека две години подоцна Енцо и сопругата ги добија близначките Јулија и Каја, па Зинедин и Вероник денес имаат три внуки.

А. Ј. | Црнобело