Починал од леукемија, наводно направил две чуда по смртта: Кој е тинејџерот што беше прогласен за светец?

Карло Акутис, кој починал во 2006-та, викендов беше прогласен за светец од страна на папата. Сепак, неговата канонизација наиде и на критики, од верници и експерти кои сметаат дека тинејџерот нема направено ништо значајно во својот живот за да ја добие оваа титула, и тоа само 19 години по неговата смрт.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-01.jpg

Карло Акутис починал во 2006-та, на само 15-годишна возраст од леукемија.

Викендов, пак, папата го прослави за светец и со тоа Карло стана најмладата личност која била прогласена за светец.

Канонизацијата на Карло Акутис се одржа во неделата (07.09) во Ватикан, а за церемонијата на плоштадот Свети Петар беа собрани илјадници верници од целиот свет.

Карло беше познат по тоа што ја промовираше католичката вера на интернет, па почнаа да го нарекуваат и „божји инфлуенсер“.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-08.JPG

Сепак, некои верници не се согласуваат со одлуката да биде прогласен за светец, истакнувајќи дека во животот немал направено дела со кои би ја заслужил титулата.

Некои шпекулираат и дека неговото богато семејство некако ја поткупило католичката црква, иако тие го негираат ова.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-09.JPG

Што знаеме за Карло Акутис и зошто католичката црква одлучи да го прогласи за светец?

Роден во 1991 година во Лондон, Карло Акутис потекнува од богато италијанско семејство.

Кратко по неговото раѓање, целото семејство на Карло се преселило во Милано, а овде неговите родители биле вклучени во неколку семејни бизниси.

Родителите на Карлос не биле религиозни личности, но мајка му вели дека тој покажал интерес за христијанството уште во детството.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-02.JPG

Кога имал три години, починал дедото на Карло и наводно му се појавил на сон и му рекол да се моли за него.

Па, тој период Карлос првпат побарал да биде однесен во црква и практично одовде почнува неговото духовно патување.

Според неговите родители, Карлос покажувал добрина уште од најрана возраст и многупати го трошел џепарлакот за бездомниците во Милано. Исто така, често ги бранел врсниците кои биле жртви на булинг.

Редовно одел во црква и покажувал голем интерес за животот на светците. На 12-годишна возраст станал и поактивен во црквата што ја посетувал, па ги подучувал другите за христијанската вера.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-11.JPG

Карлос сакал видеоигри, но имал и солидни познавања од областа на информатичката технологија. Па, кога имал 14 години, свештеник од неговата црква го замолил да направи веб-сајт за црквата.

Потоа, друг свештеник го замоли да направи веб-сајт со кој ќе се промовира волонтерска работа. За вториот сајт, тој добил и национална награда.

Инспириран од ова, тој решил да направи уште еден веб-сајт каде ги документирал сите чуда поврзани со светата причест (познати и како евхаристиски чуда).

Исто така, направил и листа со сите појавувања на Дева Марија признати од католичката црква.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-06.JPG

Го лансирал веб-сајтот во 2004 година и работел на него околу две и пол години. Постепено го вклучил и неговото семејство, а мајка му вели дека и таа станала посветен верник поради него.

Но, во октомври 2006 година, Карло добил дијагноза за леукемија. Прогнозите на лекарите биле лоши, па бил пренесен на интензивна нега во болница во близина на Милано.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...

Најчитани неделава