Починал од леукемија, наводно направил две чуда по смртта: Кој е тинејџерот што беше прогласен за светец?

Во последните мигови, Карло ѝ рекол на мајка му да не се плаши од неговата смрт бидејќи ќе оди во вечноста.

Потоа Карло паднал во кома и починал на 12-ти октомври.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-13.JPG

Канонизацијата на Карло Акутис се одвивала многу полесно од вообичаено.

Обично ова е мошне долг, но и скап процес кој вклучува детално проучување на животот на кандидатот за светец.

Генерално, за некој да биде прогласен за светец, треба да има направено најмалку две чуда (додека бил жив или по смртта).

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-07.JPG

Овие чуда ги истражуваат медицински експерти и теолози назначени од Ватикан, со цел да се утврди нивата веродостојност.

Двете чуда кои му се припишуваат на Карло се случиле по неговата смрт.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-10.JPG

Првото чудо е од 2020-та, кога наводно излекувал дете од Бразил со вродена мана. Според мајката на детето, таа му се молела на Карло да ѝ помогне, па тој го излекувал син ѝ.

Второто чудо е исто така лекување, овој пат двојче од Костарика кое си ја повредило главата додека возело велосипед.

Според мајката на девојчето, таа се молела на гробот на Карлос за закрепнувањето на ќерка си.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-05.JPG

Како што веќе спомнавме, канонизацијата на тинејџерот се соочува со критики. Некои сметаат дека тоа што собирал чуда на својот веб-сајт не треба да се гледа како нешто што би направило некој светец.

Други коментираат дека во животот на детето не се случило ништо невообичаено или спектакуларно за тој да биде прогласен за светец.

Некои кои го познавале Карлос велат и дека не ни знаеле дека тој е побожна личност. Единствено го опишуваат како добро дете кое сакало да им помага на другите.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-03.JPG

Денес телото на Карло се наоѓа во италијанскиот град Асизи и верниците можат да го посетат.

Лицето и дланките му се обложени со восок, па затоа телото изгледа добро зачувано, и 19 години по смртта.

pochinal-od-leukemija-navodno-napravil-dve-chuda-po-smrtta-koj-e-tinejdzherot-shto-beshe-proglasen-za-svetec-14.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...

Најчитани неделава