Детето ѝ се удави во базен, по една година повторно е бремена: Што се случи со инфлуенсерката Емили Кисер?
Во јуни годинава, Емили го даде првото интервју по трагичната смрт на тригодишниот Триг.
Таа се појави во поткаст, каде што зборуваше за тоа како со сопругот се справуваат со загубата.
„Загубата на дете навистина ви покажува, на најстрашен и најреалистичен начин, колку брзо животот може да се смени и колку брзо животот може буквално да биде одземен.
Постојано се потсетувам дека треба да направам избор.
Можам или да дозволам ова целосно да ме уништи и да сметам дека не сум способна да се грижам за моето помало дете, или можам да направам сè во моја моќ за да бидам најдобрата мајка за него и да му ја дадам истата љубов што ја имаше неговиот брат“, вели инфлуенсерката.
На прашањето како се справува со загубата и дали му „простила“ на сопругот, таа изјави:
„Никогаш не закрепнувате од ваква загуба, само учите да живеете со тагата. Потребно е често одење на терапија. Но, и разбирање дека сите заслужуваат љубов, емпатија и прошка.
И, важно е да не се грижиме за мислењето на другите, а за ова ни помага терапијата“.
Претходно, во мај годинава, Емили откри дека ќе прави малку пауза од социјалните мрежи, а истовремено, почна да ја зголемува свесноста за трагедии слични на смртта на нивниот син.
„Давењето е најчестата причина за смрт кај деца помали од три години. И, ова е статистика што е тешко да се проголта и не можам да поверувам колку често се случува ова“, вели инфлуенсерката во една од објавите.
Емили повторно е активна на Инстаграм, а сега, пак, сподели и дека со сопругот чекаат уште едно дете.
Инфлуенсерката сподели фотка на која си го држи стомачето, со опис:
„Благодарни сме и возбудени да споделиме дека во нашето семејство ќе има уште едно бебе. Овие вести ни изгледаат нереални и веќе се силна светлина за нас, во некои од најмрачните денови.
Како што кажав минатата година, приватноста на моето семејство секогаш ќе ми биде приоритет.
Поради ова, не сум сигурна колку ќе споделувам за оваа бременост и следната фаза од животот, но го ценам вашето разбирање. Ова бебе веќе донесе многу надеж и радост во нашиот дом и го цениме секој момент.
Ви благодарам однапред за целата љубов, убавите желби и поддршката…“
Емили не открива други детали за бременоста, а како што кажа и самата, веројатно нема да споделува многу и откако ќе се роди бебето.
Спирова С. | Црнобело