White sensation во Белград

white-sensation-vo-belgrad-povekjeПомина музичкиот спектакл White Sensation во Белград. Овие журки се едни од најпознатите каде настапуваат светски имиња од техно и хаус музиката.


До раните утрински часови се забавуваа повеќе илјади посетители од целиот свет.

Нашите соседи уште еднаш се покажаа во најдобро светло. Белградската арена со целокупната декорација на ентериерот направи посетителите да се чувствуваат како навистина да се наоѓаат во подземен свет (белградскиот sensation го носеше името Ocean white).

Спектакуларното отворање беше во 22 часот со огномет. На два видео бима одеа снимки од морските длабочини додека на стазите покрај бината со единствена кореографија се шетаа девојки кои заедно со публиката правеа балони од сапуница со димни и светлосни ефекти во позадина.

Посетителите по почетокот ги загреваше ди – џејот Mr. White. 22 фонтани покрај бината, „медузи“ од страните...

Најголемо воодушевување кај публиката предизвика Себастијан Ингросо. Феде Ле Гранд не се појави, но на негово место настапи Ерик Е.

Журката во ритамот на хаус музиката траеше до 6 часот наутро. Инаку White Sensation настанува во 2000 година во Амстердам, и од тогаш во 17 земји од светот се посетени од повеќе од милион луѓе, а вообичаено 40.000 влезници за овој спектакл се продаваат за неколку минути. Следната журка во бело ќе се одржи во Прага.

Да се надеваме дека и Скопје наскоро ќе биде сведок на ваков музички настан.

Би можело да ве интересира:

Се разведоа, но и по 28 години сѐ уште живеат заедно – Дали најскандалозната кралска двојка пак ќе с... „Ние сме најсреќниот разведен пар во светот. Ние се разведовме еден со друг, а н...
Сијамски близначки родени споени на главата имале 2% шанси да преживеат операција за одвојување – на... Аби и Ерин од САД се родиле споени на главата, а лекарите прогнозирале дека имаа...
Девојче (8) згазна на отровна риба-змеј во Грција: „Болката беше неподнослива, не престануваше да вр... „Моето дете од 8 и пол години згазна на риба-змеј, која има отровни боцки. Спасу...
„Насекаде има тела - во морето, по улиците, под зградите“: Страшни и тажни сцени од поплавите во Либ... Либија се соочува со страшни поплави предизвикани од бурата Даниел. Бројот на за...
Вдовец не можел да ја преболи смртта на сопругата и направил голема мермерна скулптура која личи на ... Вдовец од Индија, чија сопруга починала пред четири години, не можел да ја пребо...
Преживеаните скокаат од балкон за да спасат – Застрашувачки видеа од пожар на станбена зграда во Шпа... Пожарот избувнал во еден од становите, а се проширил низ сите 138 стана. Погледн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg